Патрик Шик и Ромелу Лукаку се водечки стрелци на Европското фудбалско првенство. Двајцата постигнаа по два гола за Белгија, односно Чешка, но „убавецот“ во досегашните 10 меча, сепак, е на напаѓачот на чешката селекција кој од, речиси, пола терен го совлада шкотскиот чувар на мрежата Дејвид Маршал и ги запечати трите бода за Чесите.
Вториот погодок на Шик во натпреварот против Шкотска може да го погледнете во видеото (3:33 минута).
https://www.youtube.com/watch?v=r6b-lSMw1rA
Првото коло во групата фаза на ЕП 2020 ќе биде комплетирано денеска. На програмата се мечевите од Ф конкуренцијата која го носи и дербито меѓу Франција и Германија, а претходно ќе играат и Унгарија – Португалија.