Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири фирми донираа 85 респиратори и 25 кислородни концентратори за државата

0
By Нова ТВ on May 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири македонски компании донираа вкупно 85 неинванзивни респиратори и 25 кислородни концентратори, наменети за поддршка на дишење и третман на пациенти во критична состојба, за инфективните одделенија во болниците низ државата. На примопредавање на донацијата зад која стојат ,Мега Куманово“ „Голден Арт“, „Акустик ДОО“ и „Греемак“ присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Ако во нормални услови, се создаваат услови да се гради бизнис во една држава, во време на криза се покажа дека е време кога треба да дадете нешто од себе да помогнете на сите, да помогнете на здравствениот систем. Едноставно се покажа дека сите заедно треба да ја споделиме таа грижа, тоа е предизвикот кој стои пред нас и со ова што го направија овие компании, покажаа добар пример за тоа, како треба да се однесуваме сите, и институциите и државата и приватниот сектор“, рече премиерот Спасовски.

Спасовски истакна дека кризата со коронавирусот нè потсети дека најважното нешто е пожртвуваноста и посветеноста, како што тоа го прават лекарите, медицинскиот и помошeн персонал, без да прават разлика меѓу луѓето, но и солидарноста, како што ја покажуваат компаниите и граѓаните и заклучи дека сето тоа придонесува заеднички полесно да се помине овој период.

„Токму со оваа посветеност, се покажа дека институциите на системот функционираат беспрекорно во овој период, дека можеме да се преструктуираме во рамките на администрацијата, во рамките на здравствениот систем и да покажеме дека ако сакаме можеме и тоа многу подобро и повеќе од тоа што сме го правеле во претходниот период“, додаде премиерот.

Вицепремиерот Османи во своето обраќање истакна дека Инфективната клиника несомнено претставува најистурената точка за борба против коронавирусот и со одвојувањето средства од домашните компании се помага на здравствениот систем на земјата и се зајакнува заедничкиот, колективен капацитет во справувањето со епидемијата

.„Затоа сметам дека приватните компании овде присутни, навистина правилно ја таргетирале својата поддршка, донирајќи опрема таму каде што е најпотребно, онаму каде се спасуваат животи, инвестирајќи со тоа во нашата заедничка подготвеност за справување со кризата, бидејќи зајакнувањето на нејзините капацитети значат зајакнување на целиот систем на одбрана од КОВИД-19“, истакна Османи, притоа изразувајќи благодарност до компаниите, до нивните сопственици, до нивните вработени за несебичен однос, за нивната солидарност, општествена одговорност, но и човечка зрелост, со надеж дека ќе поттикнат и други бизниси и граѓани да го следат нивниот пример.

Министерот Филипче исто така, ја оцени како значајна донацијата, оценувајќи дека респираторните машини се потребни и до нив тешко се стигнува.

„Станува збор за 85 машини за т.н. неинвазивна вентилација. Тоа значи дека пациентите се вентилираат и имаат поддршка на дишењето само преку маска, не се става и инвазивниот тубус преку дишните патишта и дополнителни 25 т.н. концентратори на кислород, со што смесата на воздух којашто се дава се збогатува со соодветна концентрација на кислород“, истакна министерот Филипче и додаде дека оваа донација е многу значајна, затоа што има една сериозна група пациенти кои се сега заболени од ковид вирусот и на кои им е потребна ваква респираторна поддршка.

Тој рече дека има доволен број да бидат дистрибуирани во главните, во Клиниката за инфективни болести во Скопје, во ГОБ „8 Септември“ и во сите инфективни одделенија низ државата, кои по завршување на оваа криза може да се користат и за третман на пациенти кои имаат друга индикација за поддршка на дишењето.

болници донација здравство Инфективни одделенија Кислородни концентратори Респиратори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.