Во Законодавниот дом, денеска ќе се одржат седници на комисиите за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците.
Како што информираат службите на Собранието, на дневен ред на комисијата за труд и социјална политика е предлог-законот за изменување на законот за работните односи.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледува извештаите за работата на универзитетите во Македонија, а членовите на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по годишните извештаи за работата на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.