Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четири милиони евра пари на ЕУ за блокиран комуникациски систем во МВР

2
By Нова ТВ on May 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кои разговори во МВР не се снимени на крвавиот 27. април за време настаните во Собранието? Дали полицајците барале засилување? Јавил ли некој од нив на своите старешини дека пратениците им асистираат на насилниците и ги отвораат вратите од Парламентот за да влезе толпата? Какви команди издавал Оперативниот штаб на чело со директорот на БЈБ Митко Чавков?

 

Одговор на овие прашања не може да се добие затоа што министерот Нухиу обелодени дека системот за снимање на комуникацијата во МВР, наречен ТЕТРА систем, од 2014 година досега не функционирал.

Но, која е причината за нефункционирање на ТЕТРА системот? Неодговорност, економски причини или пак намерна саботажа на системот?

 

НОВА ТВ по проверка на системот за Јавни набавки откри дека Министерството за внатрешни работи на 3 март оваа година склучило договор за сервисно одржување на дигитално радио-комуникацискиот систем ТЕТРА. Договорот е склучен без претходно распишан оглас со германската фирма „Hytera Mobilfunk GmbH“, во вредност од 373.000 евра.

Договорот подразбира одржување и поправка на овој систем за снимање на командите и комуникацијата на полициските службеници. Во објавениот документ на интернет страната на Јавни набавки, пишува дека договорот почнал да се реализира од  1 февруари оваа година, а ќе трае до 31 јануари 2019 година.

Сега се поставува прашањето, со оглед дека е склучен договор со сервисерот: Зошто ТЕТРА системот не бил во функција за време на настаните во Собрание кога беа повредени пратеници, новинари, полицајци, демонстранти?

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, обелодени дека од 2014 година не функционирал ТЕТРА системот во МВР, кој ја снима интерната комуникација на полицијата. Тоа значи дека нема запис од ниту една издадена команда во полициските акции изминативе три години, ниту пак во настаните на крвавиот 27 април во Собранието.

 „Тоа е систем за комуницирање со команди кој се прави внатре во МВР и имаме три сервер – оператори кои треба да бидат поврзани со апаратот за снимање на сите команди. Јас веднаш побарав вештачење дали се снимени сите команди, кои биле дадени преку тетра – системот. Повикав експерт од Германија и тој направи проценка дека два сервера за жал не биле поврзани со апаратот за снимање на команди и било констатирано дека такво нешто не функционира не од сега, туку од 2014 година. Зошто не работеле, одговор треба да дадат органите кои треба да го водат процесот на истрага за кривична одговорност и се разбира се бара проценка од експертите или посебно екстра вештачење“ изјави министерот Нухиу.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, денеска за НОВА ТВ изјави дека не ја слушнал изјавата на министерот Нухиу за ТЕТРА системот, да ја преслуша па ќе даде свое мислење.

 

Екс министерот за внатрешни работи од СДСМ, Оливер Спасовски, вели дека додека тој бил на функцијата не знаел дека овој систем за снимање на командите внатре во МВР не работел и дека за тоа дознал од вчерашната изјава на Нухиу.

Професорот и поранешниот разузнавач, Владимир Пивоваров, за НОВА ТВ објаснува како функционира ТЕТРА системот и какви штети и пропусти се направени доколку не се евидентирани командите кои биле издавани во полицијата.

„ Тоа е електронски систем кој овозможува непречена комуникација меѓу полициските службеници. Секој град има посебен канал, но има и посебен канал за комуникација на ниво на целата држава. Овој систем овозможува службените лица кога се во опасност, кога има закана, заседи, претреси итн. да бидат во непречена комуникација. Нивната комуникација се снима на софтверот, а во зависност од капацитетот на софтверот, се снима одреден број. Но, по проценка може да се направи каде и како треба тоа да се прави. Крвавиот четврток во Собранието секако по проценка Штабот кој раководел морал да предвиди дека ваквите канали за брза интервенција треба да бидат снимани. За жал слушнавме дека тој систем не функционирал. Министерот мора да провери од кои причини тој систем не бил во функција“, изјави Пивоваров за НОВА ТВ.

ТЕТРА системот вреден 4 милиони евра купен со пари од ЕУ

НОВА ТВ дојде до документ за начинот на набавка на овој систем. ТЕТРА системот е набавен со пари од предпристапните фондови на ЕУ. Имплементацијата на системот во МВР е почната во 2008 година, а првата голема набавка е во 2010 година во вредност од 988.000 евра, кога е купена техничка помош за имплементација на ТЕТРА системот во МВР, а втората е една година подоцна кога е набавена дигитална радио опрема вредна 4 милиони евра.

 

Во мај 2012 година, според документите на системот за Јавни набавки, МВР од својот буџет набавува „Тетра терминални додатоци и потрошен материјал и алат за оптимизација и одржување на дигиталниот полициски систем“ за сума од 182.000 евра.

Оттогаш, од 2012 година до март годинава нема друга набавка која е поврзана со ТЕТРА системот.

Министерот Нухиу откри дека на 27 април имало сценарио за прогласување на воена состојба од страна на претседателот Иванов, а полицајците се повлекле од вршење на законските должности, бидејќи слушнале дека треба да чекаат уште некое време, со цел претседателот да ја извади армијата и да прогласи вонредна состојба.

„Дел од вработените во МВР наместо да ги почитуваат законите и да ги извршуваат своите работни обврски, постапуваат по наредби на политичките центри, што е за најсилна осуда и мора да биде санкционирано“, вели Нухиу.

 

 

 

 

Агим Нухиу Владимир Пивоваров МВР Митко Чавков насилства Оперативен штаб полиција Собрание ТЕТРА систем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.