Ракометарите на Вардар вечерва во Скопје го совладаа хрватскиот првак ППД Загреб со 24:20 (полувреме 14:12) во првиот четвртфинален натпревар во регионалната СЕХА лига.
Тимур Дибиров и Анте Кудуз беа најефикасни „црвено-црни“ ракометари и постигнаа по седум гола, а одлично издание имаше и голманот Мартин Томовски.
Реваншот во Загреб е во вторник со почеток од 20 часот.
Завршниот Фајналфор турнир ќе се одигра од 3 до 5 септември во Задар, а прв полуфиналист е унгарски Веспрем, кој вечерва триумфира и во реваншот против хрватски Нексе со 30:25, откако на првиот натпревар победи со 35:33.