Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев: Безбедноста на јужната граница е стабилна

0
By Нова ТВ on February 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 3, 2020 16:50

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев заедно со амбасадорите на земјите чии полициски службеници учествуваат во заедничките операции на јужната граница денеска ги посетија граничниот премин „Богородица“ и привремениот транзитен центар Гевгелија. На средбата со раководството на граничниот премин „Богородица“, министерот Чулев бил запознаен со состојбата со илегалната миграција и статистиката поврзана со криумчарењето мигранти.

„Акцентот беше ставен на соработката со странските полициски службеници кои заедно со нашите полициски службеници се ангажирани во обезбедување на границата и кои даваат голем придонес во справувањето со овие проблеми“, соопшти денеска МВР.

Во моментот на јужната граница, заклучно со 1 февруари, има 141 странски полициски службеници распоредени по полициските станици за гранични проверки и граничен надзор на „Богородица“, на „Стар Дојран“ и на „Меџитлија“.

При посетата на транзитниот центар Гевгелија, министерот Чулев се запознал со моменталната состојба, за состојбата со илегалната миграција, како и со начинот на кој функционираат заедничките операции на јужната граница.

„Со сигурност може да информирам дека безбедносната ситуација на јужната граница е стабилна и се трудиме тој тренд да се задржи и во иднина. Капацитетите за справување со тековните предизвици, вклучувајќи ги и капацитетите за откривање и спречување, за прифат, за регистрација на откриените илегални мигранти ги задоволуваат моментните потреби, со оглед на тоа што во изминатиот период исполнетоста на капацитетите на објектите за сместување од затворен и од отворен тип во ниту еден момент не ги надмина сместувачките капацитети, што како констатација се однесува само на моменталните прилики и трендови во регионот. Меѓутоа, секое нагло нарушување на состојбата и појава на ненадеен и брз прилив на голем број на мигранти, значително ќе ги оптовари постоечките капацитети за управување со миграциите“, истакнал министерот Чулев.

Во борбата со овој феномен, потенцирал Чулев, покрај нашите полициски службеници, голем придонес дале и полициски службеници од Австрија, од Чешка, од Словачка, од Унгарија, од Полска, од Словенија, од Хрватска и од Србија кои активно учество во заедничките операции на границата, што како проект е продолжен до 31 август оваа година, односно до операционализација на Договорот со ФРОНТЕКС, благодарение на Европската Унија и ИОМ.

граница Југ Наќе Чулев посета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.