Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев ја реши мистеријата: Запленет еден килограм кокаин од голема планирана пратка

0
By Нова ТВ on February 20, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, истрага за евентуална вмешаност на други физички и правни лица, засега се резултатите од вчерашната акција на полицијата во селото Крушопек во скопски Сарај.

Ова денеска на прес-конференција го изнесе техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој не сакаше да каже за колкава количина на дрога станува збор, со оглед на тоа што некои медиуми излегоа со написи дека пратката вкупно содржела 1,3 тони кокаин, нагласувајќи дека во моментот во интерес на истрагата не може да кажува официјално такви податоци, но напомена дека станува збор за „многу, многу голема количина“. Тој истакна дека дрогата по потекло била од Колумбија, а кокаинот е пронајден во магацин за овошје на правното лице „Банекс компани ДООЕЛ“.

Операцијата се спроведувала од 17 до 19 февруари, а до доцна синоќа Единицата за специјални операции вршела претреси во магацинот на „Банекс компани ДООЕЛ“, која во 120 наврати извршила увоз на овошје во најголем дел од Колумбија, а во помал обем и од Еквадор.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен организиран криминал, Единицата за недозволена трговија со дрога во период од 17 до 19 февруари во 2020 година, во координација со јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамки на меѓународна полициска соработка во која беа вклучени повеќе земји, реализираше акција за недозволена трговија со дрога, при што во скопското село Крушопек беше запленет еден килограм кокаин, кои се само дел од поголема количина, која треба да заврши во нашата држава“, рече Чулчев.

Синоќа околу девет часот на граничниот премин „Ќафасан“ е евидентирано товарно моторното возило „Ивеко“ влекач и приколка, управувано од 31 годипниот Ј.К. државјанин на Црна Гора, кој по завршување на царинските формалости се упатил кон Крушопек. Полицијата, по претходно обезбедена судска наредба, извршила претрес во магацинот за овојше и во моментот на пристигнувањето на камионот таму бил Ј.Е. (22), син на сопственикот на правното лице, кое е краен примач на стоката и Р.И. (51), кој бил вработен во магацинот и вршел истовар на робата. Во меѓувреме, во правното лице, пристигнал и С.Е. (47) од Скопје. Сите четворица се лишени од слобода и ноќта ја минаа во полициска станица, а денеска треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка.

„При извршениот детален претрес, во еден од пакетите било пронајдено правоаголно пакување со бела прашкаста материја, кое била залепена со зелена трака“, рече Чулев и додаде дека во операцијата се одземени мобилни телефони, околу 3.000 евра, 700 долари и 188.000 денари, „Ивеко“ товарното возило, заедно со 98 пакети банани, документација, технички уреди“, рече Чулев.

Тој нагласи дека МВР деновиве ќе преземе опсежни мерки за известување на земјите низ кои минал транспортот, а освен меѓународни активности ќе се преземат и активности за останатите физички и правни лица кои евентуално се во корелација со ова правно лице. Чулев додаде дека во текот на денот ќе има и финансиска истрага кон правното лице.

Операцијата, повтори Чулев, е меѓународна, но тој не сакаше да споменува конкретни држави кои се вклучени заради заштита на истрагата.

акција кокаин Крушопек МВР Наќе Чулев полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.