Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чулев потврди дека го бара Синиша Алексовски во МВР

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: netpress.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 5, 2020 15:00

Класичен „фејк њуз“ се информациите дека Кирил Тодоровски ќе биде еден од советниците, затоа што тој нема работен статус ниту во Агенцијата за разузнавање (АР) и јас не можам да го преземам. Се работи за медиумски спин. Мислам дека самата личност поради тоа ќе си покрене постапка пред надлежните органи, одговори техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев на новинарско прашање во однос на информациите објавени од страна на некои медиуми дека советници Синиша Алексовски и Кирил Тодоровски, осомничен во случајот „Титаник“, ќе бидат дел од неговиот Кабинет.

„Никогаш не сум имал намера да го преземам Киро Тодоровски во МВР“, нагласи министерот Чулев на денешната прес-конференција на Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на предизборниот период.

Чулев потврди дека за Синиша Алексовски е испратена спогодба за преземање до Агенцијатра за разузнавање, но, како што рече, за него ниту е поведена кривична постапка, ниту е обвинет во некој случај досега.

„Се друго е инсинуации во медиумите во однос на неговиот интегритет. Досега нема ниту обвинителен акт, ниту кривична пријава, ниту е осуден за какво било дело“, рече министерот Наќе Чулев.

Нова ТВ во саботата пишуваше за случајот за трансфер на агентите Кирил Тодоровски и Синиша Алексовски од АР во Министерството за внатрешни работи. Во случајот на Алексовски, според наши извори, спорен е неговиот безбедносен сертификат додека во случајот на Тодоровски, тој, според информации на Нова ТВ, е суспендиран од АР бидејќи не успеал да ги исполни критериумите за безбедносен сертификат.

Во врска со информациите што Нова ТВ ги објави во саботата, следуваше реакција од Тодоровски која ја објавивме на нашиот портал, иако никаде во текстот не тврдиме дека тој сака или планира да биде ангажиран во МВР туку дека таква намера имал техничкиот министер Чулев.

Агенти АР Кирил Тодорвски МВР Наќе Чулев Синиша Алексовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.