Распишана е потерница за екс претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски. Ова го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на денешната прес-конференција, откако полициски службеници во три наврати не успеале да го пронајдат на адресата што била наведена во решението за приведување.

„Распишана е потерница по Владимир Панчевски, а се проверува и дали можеби ја напуштил државата. Трипати не беше пронајден на наведената адреса“, информира Чулев.

За распишаната потерница е известен и СВР Велес кој треба да го известат и велешкиот Основен суд кој му одреди 30 дневен притвор на Панчевски за обезбедување на негово присуство на судењето за предметот АКМИС.