Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чупеска: Уставниот поредок на удар, неместо реформи власта право упад во правосудството

0
By Marija Todorovska on March 10, 2025 ВЕСТИ
Фото: СДСМ
Фото: СДСМ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 10, 2025 12:00

Не делат само 24 часа од еден од најголемите упади на една власт во трета независна власт чија самостојност е гарантирана со УСТАВОТ. Наместо неопходни реформи ќе бидеме сведоци на операционализција на еден груб, и многу нападен удар врз правосудниот систем кои ќе се одвива во законодавниот Дом. Преку незаконската интерпелација на поединечните членови на судскиот совет за која нема ниту законска можност ниту пак ќе има правно дејство, изјави потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на денешната прес конференција.

Таа на прес конференцијата посочи дека власта предводена од Мицковски само ја демонстрира својата злонамера за целосна партизација и политичка контрола врз правосудната власт, наместо да ја гарантира нејзината независност.

Тоа е отров, високо токсичен отров за  демократските принципи и вредности, затоа што претставува отворен и пакосен влез во авторитаризам, рече Чупеска.

„Гледаме како власта ја упорно сака да ја демонтира секоја инстицтуционална брана од авторитаризам, преку нелегалните и неуставните постапки, преку исилените и силеџиски разрешувања, преку сатанизации и јавни линчувања на судии, на обвинители. Таа, всушност подготвува терен за своите послушни инсталации. Брзањето со интерпелациите на членовите на Судскиот совет, на ваков начин, во услови кога се подготвува нов закон за ова тело, ги обелоденува вистинските намери на власта.Намери кои не поврзани со реформските процеси туку со воспоставување целосна партиска контрола“, истакна таа.

Таа рече дека станува збор за смислен, ситематичен и координиран напад врз правосудниот систем и дека следни ќе бидат сите што не се подготвени да работат по инструкции на Мицкоски.

Ние ќе продолжиме да се бориме за вистински и суштински реформи во правосудството, кои ќе ја гарантираат неговата независност и ефикасност. Затоа, НАЈВАЖНО, бараме од власта веднаш, да престане со овие незаконски и неуставни дејствија. Да се спроведат вистински реформи, во согласност со препораките на меѓународните институции, и да ги следи чекорите предвидени во Планот за Раст, оние од Оценската Мисија, укажувањата на ММФ. Во овие процеси мора, повторувам, мора да се штити и гарантира Уставот – посебно начелата за поделбата на власта и владеење на правото. Конечно, ова не е битка за неколку членови на Судскиот совет – ова е битка за зачувување на демократијата и уставниот поредок, рече потпретседателката на СДСМ.

авторитаризам Ана Чупеска Мицкоски правосудство прес конференција СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.