Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Цивил: „Одбрана на демократијата – Боиште на вистината“ – меѓународна конференција за демократија и хибридни закани – Скопје од 8 до 10-ти октомври

0
By Zoran Ivanov on October 2, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 2, 2025 12:46

„Одбрана на демократијата – Боиште на вистината“ – меѓународна конференција за демократија и хибридни закани што ќе се одржи од 8. до 10. октомври во Скопје на која домаќин и соорганизатор е ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Покрај ЦИВИЛ, организатори се и Вестминистерски сојуз за Украина, Глобална иницијатива за одбрана на демократијата, Нов европски форум на народите и Медија дијалог.

Конференцијата ќе ги истражи дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските општества, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет.

Преку комбинација од сесии за градење сценарија, панели на високо ниво и работилници, учесниците ќе работат кон заеднички изјави, препораки за политики и стратегии за зајакнување на демократската отпорност и спротивставување на авторитарниот експанзионизам.

Во текот на три дена, меѓународни и домашни партнери, вклучувајќи новинари, лидери на граѓанското општество, креатори на политики, дипломати и академци од цела Европа, Западен Балкан, Украина и Соединетите Американски Држави, ќе разменуваат искуства и стратегии за заштита на институциите, заштита на изборните процеси и солидарност со Украина и демократските напори ширум светот.

Оваа конференција е дел од проектот „Демократски навигатор“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Триденвната конференција ќе започне на 8-ми октомври со сесија за градење сценарија и прес конференции, по што ќе следи и воведниот панел: „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност“, што ќе се пренесува во живо на англиски јазик.

На 9-ти октомври, програмата предвидува состанок за стратешко планирање два панела на теми „Демократско назадување – импликации и последици и Изборен интегритет и демократска отпорност“. Попладнето ќе биде посветено на работилници, вмрежување и брифинзи со пренос во живо на двата панела.

За 10-ти октомври се закажани тематски работилници за „Демократијата, Украина, изборниот интегритет и дезинформациите“.

Конференцијата ќе заврши со презентација на Конечни соопштенија за печатот вклучувајќи и заеднички изјави, првични наоди од проектот „Демократски навигатор“ и најава за следните чекори.

 

демпократија конференција Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.