Судијата кој му суди на Новак Ѓоковиќ, одлуката за евентуална депортација ја одложи до утре. По ваквиот развој на настаните и откако е извесно дека Ѓоковиќ нема да „заврши“ во притвор, јавноста се прашува дали Ноле ќе биде депортиран пред или по почетокот на  Аустралиан Опен, кој почнува во понеделник.

Во меѓувреме Австралискиот премиер Скот Морисон ги коментираше последните случувања во врска со Новак Ѓоковиќ, поврзани со поништувањето на визата.

„Разбирам дека по внимателно разгледување, визата на Ѓоковиќ беше укината врз основа на заштитата на јавното здравје и добриот ред. Австралијците претрпеа многу жртви за време на оваа пандемија и со право очекуваат дека резултатите од нивното жртвување ќе бидат заштитени.Тоа го направи министерот Хок, со преземањето на оваа акција“, изјави австралискиот премиер, кој го цитира  Би-би-си.