Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Дали имате љубов за давање“- кампања за секое дете да добие семејство

0
By Нова ТВ on June 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ја промовираше кампањата „На секое дете му треба семејство“, што со пораката „Дали имате љубов за давање“ МТСП ја спроведува заедно со УНИЦЕФ.

Целта е граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и мобилизирање на поддршката за решение за грижа за деца во семејно опкружување на ниво на заедница наспроти институционално згрижување.

Царовска посочи дека оваа кампања значи многу за Македонија и има за цел да се обезбеди семејство за секое дете во државата.

– Институциите за жал не се добра форма за децата да растат внатре. Секое дете треба да расте во семејство или најблиску до топлината на едно семејство, затоа што само така ние ќе го искористиме максималниот потенцијал на сите деца во нашата држава, изјави Царовска.

Таа ги повика сите граѓани што имаат љубов да ја споделат и да придонесат во системот на социјална заштита, да се регистрираат како згрижувачи и да поминат обука, да добијат дете и за него да се грижат додека тоа не порасне, бидејќи како што рече, таа љубов секогаш се враќа.

Почетокот на кампањата беше означен денеска на плоштадот „Македонија“ со флеш моб со песната „Галебе мој тажен“, која е дел од кампањата „Дали имате љубов за давање“.

Претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс рече дека со кампањата сакаат да помогнат да се мобилизира доволен број згрижувачки семејства, кои имат љубов за давање на децата, кои во моментот се сместени во институции и да се создаде широка мрежа на семејства што се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата на кои може да им треба згрижување во иднина.

Тој посочи дека во следните два месеца ќе се организираат отворени денови во 30 градоци преку центрите за социјална работа и СОС Детско село, за да им се даде на граѓаните низ целата земја можност да дознаат повеќе и да станат згрижувачки семејства.

На новинарско прашање како може да се забрза процесот за посвојување дете во Македонија, министерката Царовска посочи дека листата на посвоители е многу голема, додека на децата кои се достапни за посвојување е многу мала.

Мојата порака до сите е да ги намалат ограничувањата кои ги пишуваат во постапката за посвојување за тоа да биде поедноставено и за секое дете во нивното семјество да биде добредојдено. Тогаш многу брзо може да дојде до посвојување, рече Царовска.

згрижувачки семејства кампања УНИЦЕФ Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.