Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали конечно е блиску крајот на војната во Украина: Остануваат три клучни пречки

0
By Zoran Ivanov on November 26, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 26, 2025 09:15

Предавање на територии, демилитаризација и трајно повлекување од членството во НАТО – се главните причини што ги наведува Кремљ за започнување на војната. Нивното решение во корист на Москва е клучниот руски услов за завршување на конфликтот.

Си-Ен- Ен

Американската администрација оптимистички најавува голем напредок во преговорите за завршување на војната во Украина. Претседателот Трамп го пофали „огромниот напредок“ на својот тим, додека државниот секретар Марко Рубио ги нарече американско-украинските разговори во Женева „многу позитивни“, инсистирајќи дека преостанатите точки „не се непремостливи“.

Во исто време, по состанокот на американските и руските претставници во Абу Даби, Вашингтон објави дека „Украинците се согласиле со мировниот договор“, и покрај „некои ситни детали што треба да се решат“, пишува Си-ен-ен.

Украински извор: Луѓето на Трамп ја разубавуваат реалната слика

Но, оптимистичката слика што ја презентира администрацијата на Трамп не ја одразува целосно реалноста, изјави висок украински извор со директно познавање на разговорите.

Иако изворот потврди дека е постигнат „консензус“ за повеќето точки во мировниот предлог на САД што протече минатата недела, тој нагласи дека сè уште постојат најмалку три клучни области каде што разликите се огромни – разлики што би можеле да го загрозат целиот мировен процес.

Територијалното прашање на Донбас

Првата голема пречка е чувствителното прашање дали Украина ќе отстапи клучни територии во регионот Донбас што Русија ги анектираше, но сè уште не ги освои целосно. Ова се „појасот на тврдини“, низа силно утврдени градови клучни за безбедноста на Украина.

Според претходните предлози на САД, областа би станала демилитаризирана зона под руска контрола. Украински извор изјави за Си-ен-ен дека е постигнат „одреден напредок“ по ова прашање, но дека сè уште не е донесена конечна одлука.

„Би било многу погрешно да се каже дека сега имаме верзија што Украина ја прифатила“, додаде изворот.

Ограничување на армијата
Друго спорно прашање е предлогот на САД Украина да ја ограничи големината на својата армија на 600.000 војници. Извор во Киев потврди за Си-ен-ен дека се дискутира за нов, поголем број, но дека Украина сè уште бара понатамошни промени пред да се согласи на такви ограничувања на сопствените вооружени сили.

Клучната „црвена линија“: членството во НАТО
Конечно, барањето Украина да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО останува неприфатливо за Кијив. Извор изјави за Си-ен-ен дека таквата отстапка би поставила „лош преседан“ и практично би ѝ дала на Русија право на вето врз одлуките на западниот воен сојуз „во кој таа дури и не е членка“.

Овие три прашања – предавање на територии, демилитаризација и трајно повлекување од членството во НАТО – се главните причини што ги наведува Кремљ за започнување на војната. Нивното решение во корист на Москва е клучниот руски услов за завршување на конфликтот.

Од друга страна, за Украина, ова се болни „црвени линии“ за кои се бореле и загинале десетици илјади нејзини војници. Формалното откажување од кој било од овие принципи е огромно барање и носи потенцијално големи политички ризици за украинското раководство предводено од претседателот Володимир Зеленски.

Затоа, како и да го прикажува тоа администрацијата на Трамп, тешко дека станува збор само за „неколку преостанати точки на несогласување“ или „мали детали што треба да се средат“, заклучува анализата на Си-Ен-Ен.

 

Варијанти Русија САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
April 30, 2026Updated:April 30, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

ВЕСТИ April 30, 2026

Почитувани колешки и колеги, почитувани сестри и браќа,

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

April 29, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.