Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дали Путин и Трамп денес ги затоплија заладените односи

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата тет-а-тет средба на Русинот Владимир Путин и Американецот Доналд Трамп, на маргините на самитот Г20 во Хамбург, траеше повеќе од два часа. Поточно 2 часа и 15 минути. Новинарите на самитот предвидуваа дека двајцата лидери нема да се задржат повеќе од половина час и се излажаа.

Двете делегации одлучија повеќе за средбата да кажат во текот на вечерта. На излегување од средбата, Путин кратко ги извести новинарите дека тие разговарале за Сирија, борбата против тероризмот и сајбер-безбедноста.

Според Рекс Тилерсон, помеѓу двајцата лидери имало “позитивна алхемија”.

“Разговорот беше многу конструктивен, врската помеѓу двајцата лидери веднаш се воспостави”, изјави Тилерсон.

 

Средбата почна со размена на љубезни зборови.

“Чест ми е да се сретнам со вас”, рече Трамп.

“Воодушевен сум што ве среќавам и се надевам дека оваа средба ќе донесе позитивен резултат”, одговори Путин.

“Сме зборувале на телефон, но телефонските разговори никогаш не се доволни”, додаде тој.

На ова Трамп рече дека тие телефонски разговори биле “многу, многу добри”.

Првото ракување на Трамп и Путин денес во Хамбург

Кога Трамп дојде во Белата куќа, тој имаше само позитивни изјави за Путин и најавуваше дека двете земји ќе им стават крај на тензиите и дека тоа, според Трамп – “ќе биде прекрасно”.

Но оттогаш односите заладија. Стасаа прво сомнежите за руското мешање во американската претседателска кампања, па американските санкции против Русија поради украинската криза, руската поддршка за сирискиот режим која воопшто не им се допадна на САД… Згора на тоа, Доналд Трамп вчера во Варшава ја критикуваше Русија за која рече дека игра “дестабилизирачка” улога.

Пред средбата САД изјавија дека во однос на Сирија се подготвени “да ги бараат можностите за воспоставување заеднички механизми со Русија”, како зони на забрана на летање, за да се стабилизира Сирија.

 

Владимир Путин Г20 Доналд Трамп Хамбург
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.