Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данска го презема претседавањето со ЕУ

0
By Marija Todorovska on June 30, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 30, 2025 11:41

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.

ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти. Затоа ЕУ мора да биде способна да дејствува самостојно. Силата на ЕУ, меѓу другото, лежи во европското единство, солидна економска основа, стабилни демократии и социјално балансирани општества. Оваа сила мора да продолжи да се развива и да се користи за промовирање и одбрана, како на европските интереси, така и на меѓународниот правен поредок, се наведува во Програмата за работа на Данското претседателство.

Во документот се посочува дека Данското претседателство ќе работи на силна и решителна ЕУ што ја презема одговорноста за сопствената безбедност и за зајакнување на својата конкурентност, за што ќе биде потребно претворање на зборовите во дела и справување со предизвиците со кои се соочува Унијата.

Како приоритети на Данското претседавање се наведени зајакнувањето на европската безбедност, подобрувањето на конкурентноста и зачувување на водечката позиција на Унијата во зелената транзиција, за која се вели дека е од суштинско значење за градење побезбедна и поконкурентна Европа.

При промоцијата на приоритетите на Претседателството, данската министерка за европски прашања Мари Бјер посочи дека Данска го презема претседавањето со ЕУ во услови на нова геополитичка реалност, со променливи политички ветрови што дуваат од САД и со се поагресивната Русија.

Приоритетите на Владата во претседавањето со ЕУ се внимателно избрани како одговор на итните предизвици со кои се соочува Европа. За нас е важно да обезбедиме пред 2030 година Европа да може да се одбрани. Исто така, постои итна потреба да се подобри конкурентноста на Европа. Поради овие причини, зајакнувањето на одбраната на Европа и отстранувањето на оптоварувачките регулативи, истовремено со одржувањето на зелената транзиција, ќе бидат два од најважните приоритети за Данското претседателство со ЕУ, изјави Бјер.

Данското претседателство со ЕУ најавува и продолжување на поддршката за Украина и изнаоѓање нови и иновативни решенија за предизвиците на Унијата во врска со нерегуларната миграција за да може да се контролира приливот на илегални мигранти во Унијата.

Данска ќе се стреми и за постигнување напредок во рамките на процесот на проширување, за да можат да се преземат конкретни чекори напред во преговорите со земјите кандидатки за членство.

Колку далеку ќе можеме да стигнеме, ќе зависи и од самите земји и резултатите што ќе ги постигнат во сеопфатните реформски процеси што ќе ги доближат до ЕУ, се посочува во Програмата за работа на Данското претседателство.

Данска го презема претседавањето со Советот на ЕУ од Полска, чии приоритетите беа поврзани со зајакнувањето на безбедноста на Европа во сите нејзини аспекти.

Данска ЕУ Претседавање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.