Претседавачка ротација во Брисел: Финска од утре на чело на Советот на ЕУ

Финска го презема претседателството со Советот на ЕУ од Романија, а на 1 јануари 2020 година ќе го предаде на Хрватска. Пред да го преземе претседателството со Советот на ЕУ, Финска најави дека нејзината програма ќе се заснова на социјалната, економската и еколошката одржливост на Европа.Како клучен приоритет на своето претседателствување, Финска ја наведува улогата на ЕУ во борбата против климатските промени. Програмата на финското претседавање опфаќа и зајакнување на единствен пазар, политика базирана на слободна трговија, користење на потенцијалите што овозможуваат развој, иновации и дигитализација

Австрија на чело на ЕУ: Фокус на буџет, миграции, безбедност, Брегзит

Официјална Виена, која подолг период се ангажира на Западен Балкан, сака да го задржи фокусот на регионот што Бугарија го насочи за време на своето претседавање, а една од целите ќе биде и подобрување на односите на Унијата со земји како што се Русија и Израел