Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данска остро реагира на американските закани

0
By Zoran Ivanov on January 5, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 5, 2026 11:06

Данската премиерка Мете Фредриксен јасно ги испрати своите пораки до Вашингтон, предупредувајќи ги САД да не се мешаат во иднината на Гренланд и да престанат да ја загрозуваат „врската со историски близок сојузник“.

Повикот доаѓа по објавата на Кејт Милер, сопруга на помошникот на шефот на кабинетот на Белата куќа, која на социјалните мрежи објави мапа на Гренланд покриена со американско знаме и со зборот „наскоро“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој постојано ја потенцираше „неопходноста“ од Гренланд за националната безбедност, повтори во интервју за списанието „Атлантик“ дека САД „навистина ѝ требаат на Гренланд“. Тој ја аргументира својата позиција со наводното присуство на руски и кинески бродови околу островот.

Ескалацијата на тензиите меѓу Данска и САД за Гренланд почна кон крајот на декември, кога Трамп најави назначување специјален пратеник за автономната територија.

 

Фредриксен на социјалната мрежа X остро истакна дека „Кралството Данска, заедно со Гренланд, е членка на НАТО и опфатено со колективната безбедносна гаранција на Алијансата“. Таа нагласи дека постои договор за одбрана со САД кој им обезбедува широк пристап до островот, а Данска, како што посочи, „веќе направи значајни инвестиции во безбедноста на Арктикот“.

И премиерот на Гренланд, Јенс-Фредрик Нилсен, во својата објава на Фејсбук го критикуваше американскиот пост. Тој посочи дека сликата е знак на непочитување и дека односите меѓу земјите се градат врз почит и меѓународно право, а не на симболи кои ги игнорираат нивните права. Нилсен, сепак, смирувачки додаде дека „нема причина за паника“ и потсети дека Гренланд „не е на продажба“ и дека неговата иднина „не се одлучува на социјалните мрежи“.

Поддршка до Данска дојде и од Шведска. Премиерот Улф Кристерсон на X истакна дека „само Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за своите прашања“ и дека Шведска „целосно ја поддржува својата соседка“.

Напнатоста околу Гренланд повторно ја истакнува кревката рамнотежа на односите во Арктикот, каде геополитичките интереси на големите сили се судираат со автономните права на малите народи.

 

Гренланд Данска САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.