Професорот од правниот факултет во Скопје, Борче Давитковски, вели дека министерот оставка од својата функција може да поднесе до премиерот, а не до Собранието, од причина што премиерот е тој кој ги именува министрите.
– Оставка се поднесува до мандаторот кој вас ве предложил. Нема што министерот да му поднесува оставка на спикерот Талат Џафери. Заев е мандатар, тој форимирал влада, а Филипче е тим од владата. Ако ја прифати премиерот оставката, на негово место ќе предложи друг за кој потоа ќе се изјасни Собранието. Собранието само гласа тоа што ќе му предложи мандаторот, вели универзитетскиот професот Борче Давитковски.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ може да поднесе барање за разрешување на министерот, но мора убаво да ги образложат причините по кои Собранието ќе расправа и сето тоа пак ќе се сведе на интерпелација.
– Ваквите изведби на ВМРО-ДПМНЕ се игри за ситни политички поени. Правилата се јасни, вели професорот Давитковски.