Фото Вест

Напаѓачот на Тодоров неофицијално е дедото на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која почина од сколиоза. Вооружениот напад се случи пред два часа на скалите пред Министерството за здравство. Влегувајќи во зградата 60.годишниот Љупчо Стојановски од велешкото село Долно Каласлари му се приближил на екс министерот од зад грб, го вперил пиштолот во него и испукал три куршуми.

Тодоров ја задржал присебноста и успеал да ги избегне трите куршуми кои биле испукани директно кон него. Напаѓачот веднаш бил совладан од неговото обезбедување и е приведен во полициска станица. Тодоров не е повреден, но не се знае каде е во моментов.

Пристапот до Министерството е блокиран од полиција, која во моментов врши увид на местото на нападот.