Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дејвид Гир: За да им верува јавноста судиите и обвинителите треба да се ефикасни

0
By Соња Крамарска on June 3, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 3, 2022 14:29

Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија на денешната регионална конференција за примената на Европската конвенција за човекови права и правото на судење во разумен рок рече дека ефикасноста и професионалноста на судството и обвинителството не се суштински само за спроведувањето на правдата, туку дека тие се од клучно значење и за кредибилитетот и за положбата на целиот правен систем.

„За да се добие довербата од јавноста, судството и обвинителството мора да ја осигурате ефикасноста на целокупниот судски систем, притоа почитувајќи ги основните вредности. Но, тоа не може да го направите сами. Потребна е поддршка од владата, парламентот, академијата и потребно е партнерството со граѓанското општество и со медиумите“, рече тој во своето обраќање.

Дводневната конференција „Унификација на примената на Европската конвенција за човекови права на национално ниво и правото на судење во разумен рок“ која се одржа во Скопје во организација на Врховниот суд и ЕУ, собра на едно место повеќе експерти од оваа област. Учествуваа судии и претставници од врховните, уставните и апелационите судови од регионот, како и судии и претставници од Европскиот суд за човековите права и од Советот на Европа.

Кристоф Поирел, директор на Директоратот за човекови права на Советот на Европа, потсетувајќи на максимата дека задоцнетата правда е неправда, го истакна значењето на јакнењето на правната сигурност на Западен Балкан во согласност со стандардите на Советот на Европа. Потенцирајќи ја одличната соработка со Врховниот суд на Македонија, тој ја нагласи важноста на размената на искуства и мислења за хармонизацијата на судската практика.

Претседателката на Врховниот суд, пак, Беса Адеми, истакна дека за Врховниот суд е приоритет воспоставувањето на ефикасен судски систем кој обезбедува заштита на основните човекови права и слободи, меѓу кои и правото на судење во разумен рок, со цел враќање на довербата на граѓаните во македонското судство со цел тоа да биде модерно и европско.

Настанот претставуваше одлична можност за отворена дискусија и размена на мислења за предизвиците на правосудството од регионот за заштитата на правото на судење во разумен рок во контекст на членот 6 од Европската Конвенција за човековите права и судската пракса на Европскиот суд за човековите права.

Дејвид Гир доверба конференција судии и обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.