Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дел од американските демократи се дистанцираат од одлуката на Бајден да го помилува својот син

0
By Zoran Ivanov on December 2, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД Џо Бајден синоќа објави опширно помилување за својот син Хантер за сторени кривични дела од 2014 до 2024 година. Со ова тој предизвика лавина од реакции меѓу републиканците и сопартијците демократи. Бајден во неколку наврати годинав ана прашања од новинари потврди дека нема да посегнува по помилување за својот син.

Помилувањето денеска го потврди и самиот и Хантер Бајден.

Џозеф Р. Бајден помладиот ми даде целосно и безусловно помилување за, меѓу другото, делата наведени во обвинението во овој случај, изјави тој.

На 1 декември формално ја примив и прифатив претседателската одлука за помилување. Изјавувам (или потврдувам, верификувам или наведувам) под казна за лажно сведочење според законите на Соединетите Американски Држави дека горенаведеното е вистинито и точно.

Претседателот Бајден во неделата објави дека го помилувал својот син, кој чекаше изрекување на казната по осудите за затајување даноци и поседување оружје додека бил под влијание на дроги.

Повеќе мои политички опоненти во Конгресот притискаа за овие случаи само поради мене. Секој здраворазумен човек гледа дека овие кривични прогони беа мотивирани чисто од политички причини, изјави претседателот на САД.

Покрај потпишувањето на изјавата за помилување, адвокатите на Хантер Бајден во неделата вечер поднесоа правни документи во двата случаи – за оружјето и даноците – информирајќи ги судиите дека помилувањето „бара отфрлање на обвинението против него со конечна одлука и прекин на сите идни постапки поврзани со овој случај,“ соопшти „Њусвик“.

Според весникот, федералниот суд во Делавер веќе го прифатил писмото на Хантер Бајден како доказ и најверојатно неделава ќе го затвори случајот за оружјето.

Хантер Бајден требаше да биде осуден на 12 декември за овој случај, а на 16 декември за случајот со затајување даноци во Калифорнија.

Помилувањето е опширно и не само што го ослободува Хантер Бајден од овие обвиненија, туку го заштитува и од сите потенцијални федерални кривични дела што можеби ги сторил „од 1 јануари 2014 година до 1 декември 2024 година.“

Во тој период, тој беше член на одборот на украинската гасна компанија „Бурисма“ и работеше со компании од Кина и други земји. Тој беше критикуван од републиканците дека заработувал нечесно под закрилата и политилкит еврски на Бајден во Украина, кој до 2017 година беше потпретседател на САД.

Постапката на Бајден остро ја искритуикуваа републиканците. Трамп изјави дека „помилувањето треба да ги вклучи и „заложниците од 6 јануари кои се во затвор со години“.

Директорот за комуниакции на Трамп, Стивен Чеунг, изјави дека „неуспешниот лов на вештерки против претседателот Трамп докажа дека од демократите контролираното Министерство за правда и други обвинители се виновни за користење на правниот систем како оружје“.

Демократски првенци од Конгресот реагираат воздржано или се дистанцираат од одлуката на Бајден, која се очекува да донесе значајна политичка штета во нивните редови посебо по доаѓањето на Трамп во Белата куќа на 20 јануари.

Бајден во јуни во две интервјуа потврди дека ќе прифати секаква одлука на порота од судењата против неговиот син и дека нема да го помилува. Минатиот месец тоа го потврдија и во Белата куќа.

 

 

хантер бајден помилуван демократи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.