Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дел од ветувањата во трката по гласови за мандати: Бесплатен јавен превоз, дигитализација, развој на етно и селски туризам

0
By Sashko on October 12, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партиите и кандидатите за градоначалници, на неполна недела до изборите, ги продолжуваат со активности во обид да ги освојат срцата и гласовите на граѓаните. Меѓу предизборните ветувања се бесплатен јавен превоз, асфалтирање на улици, реконструкции и изградба на градинки, училишта и спортски сали, а се најавува и развој на етно и селски туризам, дигитализација на услугите што ги нудат општините и целосна отвореност кон граѓаните.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера им порача на идните градоначалници да му служат на народот, а не да владеат со него, да бидат отворени за граѓаните и внимателно да ги слушаат нивните проблеми.

Да го сакаат својот народ и да ја прифатат, пред сè, честа и одговорноста што луѓето им ја даваат на изборите. Да ги распоредуваат финансиските капацитети во форма на проекти и да ги решаваат проблемите поеднакво за сите – и во градовите и во населените места. Програмите што ги испорачуваат мора да бидат динамични. Секоја година при формирање на буџетите да ги слушаат граѓаните што е приоритет за нив, а не само она што е приоритет според општинската администрација или според градоначалникот. Граѓаните се неприкосновени, конечни, одлучувачи на локално ниво, како што се и на државно ниво, рече Заев на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Според него, исклучително е важно какви луѓе ќе ги водат општините и какви програми ќе се реализираат во следниот четиригодишен период. Иако се реализирани доста проекти, смета дека има уште многу работа на локално ниво.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека власта ги изневерила очекувањата на граѓаните.

Не се реализирани ветувањата и немаат допир со реалноста во каква апатија се наоѓаат граѓаните, рече Мицкоски, повикувајќи на масовна излезност на денот на изборите. 

Тие, рече Мицкоски, не може да купат толку гласови колку што народот може да излезе и да им ја запечати судбината зад параванот. Не наседнувајте ниту на оние странични пораки кои ги пуштаат преку нивните платени мегафони дека сите сме исти, кога не сме.

Најави одговорност за сите оние кои направиле криминал и вети повеќе од 200 милиони евра годишно за земјоделците.

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев очекува на локалните избори да освојат над 60 советнички места низ државата.

„Левица“ за првпат настапува во 40 општини со кандидати за општинските совети и со осум кандидати за градоначалник, но за разлика од минатите избори одржани во 2017 година кога освоивме само 3 советници бидејќи бевме партија на почеток, сега очекуваме да освоиме повеќе од 60 советнички места на ниво на држава, изјави Апасиев вчера во Битола.

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села смета дека опозицијата во државата е на добар пат да оствари позитивни резултати насекаде каде настапува со заеднички кандидати.

Од исходот на локалните избори ќе произлезат важни работи на централно ниво. Оваа наша соработка има за цел спречување на продолжениот раст на стапката на корупција. За жал стануваме најкорумпирана држава во регионот, па и во светски размери. Затоа треба да смогнеме сили да соработуваме за да ја промениме оваа власт која дојде со многу ветувања, а од друга страна, за жал, не успеа ништо да реализира од ветувањата, порача Села од Охрид.

Дел од кандидатите за градоначалник на Град Скопје вчера ветија бесплатен јавен превоз. Актуелниот градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, кој е во трка за уште еден мандат, вети бесплатен јавен превоз за пензионерите секој ден во неделата и бесплатен медицински транспорт за лицата во трето доба и лицата со попреченост до здравствените институции во градот. Независната кандидатка Данела Арсовска, пак, најави бесплатен јавен превоз за сите граѓани.

Предизборните активности продолжуваат и денес. Коалицијата предводена од СДСМ ќе одржи митинзи во Кратово, во Ранковце и во Крива Паланка, додека коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинг во Скопје. Во Скопје митинг ќе одржи и „Левица“, коалицијата ДОМ и ЛДП ќе се претстават во Ѓорче Петров, а „Беса“ ќе ја претстави својата предизборната понуда во Желино.

ветувања градоначалници кандидати локални избори 2021 Македонија партии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.