Околу 250-те новорегистрирани заразени во еден ден, го подигнаа алармот кај австралиските власти да ги затегнат рестриктивните мерки во градот Сиднеј. Во него биле детектирани 8 жаришта на коронавирусот претежно од новиот делта сој.

Полицијата доби овластување да затвора продавници ако не се придржуваат до превентивните мерки и протоколи за заштита и превенција од ширење на заразата. Граѓаните мора да носат маски на отворено и да не одат подалеку од 5 километри од своето живеалиште.

Проценките се дека во овие осум области за кои почнаа да важат посебните мерки, живеат околу 2 милиони жители.

Сиднеј ја живее петтата недела од продолжената блокада која е утврдена на 9 недели а која треба да заврши на 28 август