На Косово се регистрирани двајца заболени со делта сојот на коронавирусот, објави денеска косовското Министерство за здравство.

„Од вкупно 22 позитивни примероци испратени до Институтот за вирусологија на Универзитетската клиника „Шарит“ во Берлин, варијантата делта на САРС-КоВ-2 беше идентификувана во два примерока“, соопштија од Министерството.

Двајцата заболени кои пројавиле симптоми на болеста, веќе оздравеле.