Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демир Хисар најтранспарентна општина, Ранковце најзатворена, Македонија последна во регионот

0
By Нова ТВ on November 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 24, 2019 10:20

Отвореноста е клучен услов за демократија, бидејќи им овозможува на граѓаните да добијат информации и знаења што се потребни за еднакво учество во политичкиот живот, ефикасно донесување одлуки и барање одговорност од институциите за политиките што ги спроведуваат. Со индексот на отвореност се мери степенот до кој институциите во земјите од Западен Балкан се отворени за граѓаните и општеството, врз основа на четири принципи: транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност.

Мила Јосифовска Даниловска од „Метаморфозис“ појаснува дека отвореност и транспарентност на општините и на сите други институции е кога организациските информации, буџетот и постапките за јавни набавки се јавно достапни и објавени. Пристапноста се однесува на обезбедување и почитување на постапките за слободен пристап до информации и зајакнување на пристапноста на информациите преку механизмот на јавни сослушувања и зајакнување на интеракцијата со граѓаните.

Интегритетот, пак, вклучува механизми за спречување на корупцијата, имплементација на етичките кодови и регулирање на лобирањето. Последниот принцип, ефикасност, се однесува на мониторингот и евалуацијата на политиките што ги спроведуваат институциите.

Фондацијата „Метаморфозис“ од 2016 година спроведе тригодишно истражување преку Индексот на отвореност, како алатка на проектот ACTION SEE финансиран од Европската Унија. Јосифовска Даниловска вели дека резултатите од 2018 година во споредба со 2017 година покажуваат минимален пораст на отвореноста на општините од 31 на 36 проценти што, сепак, генерално е на незадоволително ниво.

Добиените параметри на национално ниво ја сместија Македонија на последното место во регионот со само 25 отсто, што е значително под регионалниот просек и покажува ниско ниво на ангажираност и посветеност на општините на исполнување на стандардите за отвореност.

„Алармантна е состојбата, со оглед на суштината на постоењето на општините, каде што тие треба да бидат во служба на граѓаните, транспарентноста да ја темелат на отворени податоци и информации, да имаат јасни процедури за партиципативно одлучување, како и јасни процедури за добивање на јавните услуги, но и отчетно да објаснуваат за што ги искористиле јавните пари кои им биле на располагање и на кој начин го подобриле животот во заедниците“, вели Јосифовска Даниловска.

Отвореноста на локална власт во земјите од Западен Балкан во просек е 36 проценти. Лидер, поединечно гледано по земји, е Црна Гора со 51 отсто, Косово со 41, Албанија со 36, БиХ со 34, Србија со 32 и Македонија со 25 проценти.

Според истражувањето, општините во државава варираат од неверојатно ниски два процента исполнување на индикаторите на отвореност, како што е Општина Ранковце, до највисоко рангираната Општина Струмица со 52 отсто.

Споредено со другите поткатегории, индексот на транспарентност е највисоко на скалата на исполнување. По индикаторите за транспарентност што подразбира дека организациските информации, буџетот и постапките за јавни набавки се јавно достапни и објавени, најтранспарентни се општините Демир Хисар (62 проценти), Струмица (55 проценти) и Кратово (47 отсто).

Во однос на вклученоста на граѓаните во креирање на општинските политики, таа вели дека анализирајќи ги општините преку принципот на пристапност на информациите преку механизмот на јавни консултации и интеракција со граѓаните, општините исполнуваат скромни 19 проценти од индикаторите.

„Голем дел од општините не објавуваат планови, ниту повици, ниту извештаи од јавни консултации со засегнатите страни кои содржат писмени објаснувања за предлозите што се прифатени или отфрлени“, вели Јосифовска Даниловска.

Таа смета дека иако исполнетоста на индикаторите во оваа поткатегорија е на највисоко ниво во однос на другите две поткатегории, сепак мнозинството општини не објавуваат фиксни сатници утврдени за претседателите на советите на општините во кои би оствариле консултации со граѓаните.

„Со оглед дека вклучувањето на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво е суштински елемент на локалната демократија, неопходно е општините да овозможат за граѓаните навремено да ги добиваат соодветните информации, на начин кој е разбирлив за нив, со што ќе се даде простор за искажување на потребите и истакнување на проблемите од локален интерес. Исто така, општините мора да ја подобрат комуникацијата со граѓаните преку социјалните мрежи, како и да објавуваат месечни информатори за граѓаните за работата на општините“, смета Јосифовска Даниловска.

Според неа, медиумите можат да бидат моќна алатка за да се натераат властите да се однесуваат потранспарентно.

„Сите анализи покажуваат дека нивото на транспарентност на која било власт (централна или локална) е пропорционално на притисокот што го вршат медиумите. Колку поголем медиумски интерес или притисок, толку повеќе транспарентност кај власта. Ова значи дека медиумите можат да бидат моќна алатка за да се натераат властите да се однесуваат поодговорно и потранспарентно“, посочи Јосифовска Даниловска.

Таа смета дека улогата на медиумите е уште поголема во случаи кога има лоша или не постои регулатива за пристап до информации. Тогаш, како што вели, тие стануваат алатка на граѓаните за да дојдат до неопходните информации или до одлуките што ги донесуваат властите.

„Има одредени примери на целосно затворање на власта кон јавноста, вклучувајќи ги и медиумите, со цел да се избегнат непријатни прашања и одговори. Ова е особено случај во предизборниот период, но треба да се каже дека таквата практика никогаш не донела добивка на подолг рок – граѓаните, односно гласачите, добро препознаваат кога некој со нетранспарентноста сака да прикрие лошо работење, коруптивно однесување, злоупотреба на службената должност, па дури и криминал“, наведува Јосифовска Даниловска.

На 27 и 28 овој месец во Скопје ќе се одржи Конференцијата „Е-општество: отворени институции и одговорност“, која е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа) во кој седум организации од Западен Балкан и Обединетото Кралство ги соединија своите напори за промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на властите во регионот.

Најмногу институции имаат ограничено ниво на транспарентност во јавните набавки

истражување Локална власт Отвореност транспарентност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.