Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот: Загрижувачки податоци за негирање на историјата

0
By Нова ТВ on January 27, 2019 СВЕТ
Повеќе од 6 милиони Евреи беа убиени во нацистичките логори за време на Втората светска војна
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 27, 2019 11:52

Пет проценти од возрасните Британци не веруваат дека Холокаустот се случил, а еден од 12 смета дека информациите се „преувеличани“, покажа истражувањето кое го спроведе фондација за спомен на жртвите од Холокаустот.

Во анкетата биле опфатени  2.000 луѓе.

Речиси две третини од испитаниците не можеле да кажат колку Евреи биле убиени или “грубо” го проценувале бројот.

Денеска на Меѓународниот ден за сеќавање, стотици илјади луѓе ќе се соберат низ целиот свет за да го одбележат  Денот на жртвите.

Стивен Франк кој  е меѓу 90 деца кои го преживеале нацистичкиот логор Терезиенштат во денешна Чешка, заедно со неговите двајца браќа, изјави дека наодите од истражувањето се “ужасно загрижувачки”.

„Според моето искуство, луѓето не разбираат  што се случило за време на Холокаустот и тоа е една од причините зошто сум толку посветен на споделување на она што се случи со мене.

Единствениот начин да се бориме против овој вид негирање и антисемитизам е со вистината – им кажувам на луѓето што се случило, што видов и што доживеав”.

Образованието е толку важно. Ако го игнорираме минатото, се плашам дека историјата ќе се повтори“ вели Франк за ББС.

Главниот извршен директор на фондацијата , Оливија Маркс-Волдман, рече: „Таквото широко распространето незнаење, па дури и негирањето е шокантно.

Без основно разбирање за оваа понова историја, ние сме во опасност да заборавиме до каде може да доведе недостигот на почит кон разликите и непријателството кон другите“.

По повод  27 јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот,  во македонското Министерството за надворешни работи беше отворена изложба на тема „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“.

Генералното собрание на Обединетите Нации пред 12 години одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари, датумот кога пред 68 години престана да функционира нацистичкиот концентарциски логор Аушвиц.

Во резолуцијата на Светската организација со која се прогласува за Меѓународниот ден на Холокаустот се повикува на почит и спомен на жртвите  и на изработка  на образовни програми со цел ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат.

 

Евреи образование Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.