Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денес нов обид на Албанија да избере претседател, кандидатот ќе се знае дури напладне

0
By Соња Крамарска on June 4, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот парламент денес треба да избере нов претседател од редовите на владејачката Социјалистичка партија, која не откри ниту еден кандидат дури ни пред гласањето.

Главната опозициска Демократска партија најави бојкот на седницата, но гласовите на опозициските пратеници сепак нема да бидат важни. Во четвртиот круг од изборите доволно е просто мнозинство гласови во 140-члениот парламент. Ова може да го обезбедат социјалистите на премиерот Еди Рама.

Во споредба со последното гласање, кога се гласаше за актуелниот претседател во заминување Илир Мета, сега не беа објавени имиња дури и во провладините медиуми, а аналитичарите го критикуваат Рама дека процесот на избор на кандидати го задржува за себе и за неговиот поблизок круг.

Социјалистите само се изјаснија дека денес ќе поднесат само една кандидатура, без да кажат кој би можел да биде. „Ќе биде сосема спротивно од она што беше процесот со Илир Мета“, рече шефот на групата на социјалистите во парламентот, Таулант Бала, во ТВ емисија во четвртокот.

Мета и Рама имаат историја на лоши односи, кои кулминираа минатата година кога социјалистите на Рама започнаа процедура за смена на Мета во парламентот. Во февруари, Мета ја доби битката да го заврши својот мандат на функцијата, откако победи во случајот на Уставниот суд.

Се очекува дека новиот претседател ќе му биде полојален на Рама отколку што беше Мета, бидејќи тој или таа ќе биде предложен и изгласан од партијата на Рама.

Откако не успеа договорот меѓу Социјалистите и Демократската партија, одлуката за избор на нов претседател е целосно во рацете на социјалистите, кои го имаат потребниот број на гласови. Рокот за поднесување кандидатури, ќе биде истиот ден кога ќе се гласа. Кандидатурата треба да се поднесе во сабота на пладне, а гласањето треба да се одржи истиот ден во 18 часот.

Социјалистите на Рама имаат 74 пратеници, избрани на последните општи избори на 21 април 2021 година.

Демократската партија вчера предупреди дека нема да учествува на изборите за нов шеф на државата, а шефот на пратеничката група Енкелејд Алибеај рече дека „новиот претседател ќе биде продолжена рака на Рама“. „Ова е неисправен процес. Нашата позиција е логична и кохерентна и нема смисла ДП да учествува во процесот на гласање“, рече Алибеај.

Шефот на парламентарната група на социјалистите, Бала, ја коментираше одлуката на Демократите: „Бојкотите никогаш не носат никаква корист, тоа е едноставно навреда на изборниот суверенитет“, рече тој.

Двете партии меѓусебно се обвинуваат дека не го почитувале договорот што го постигнале пред да започне изборниот процес. Врз основа на тој договор, во првите три круга само демократите би имале право да предлагаат имиња на нов претседател. Демократите се повлекоа од процесот, обвинувајќи ги социјалистите за прекршување на договорот за избор на „консензуален“ претседател, кој ќе биде над партиите.

Албанија е парламентарна република, а шефот на Советот на министри, премиерот, ја има главната улога во администрирањето на работите. Претседателот ги одобрува законите донесени во парламентот во рок од 20 дена и има право да врати закон на повторно разгледување во парламентот, но само еднаш. Указот на претседателот со кој се бара преиспитување на закон ја губи својата моќ кога мнозинството од сите членови на Собранието гласаат против.

Според уставот, претседателот го претставува единството на народот. Може да биде избран само албански државјанин од раѓање, жител не помалку од последните 10 години во Албанија, кој наполнил 40 години.

Актуелниот претседател Мета беше избран во 2017 година, откако неговото Социјалистичко движење за интеграција, СМИ, управуваше четири години со социјалистите на Рама по изборите во 2013 година.

Социјалистите двапати се обидоа да го соборат од функцијата. Првиот обид дојде откако Мета одби да ги потпише резултатите од локалните избори во 2019 година, откако Демократите и неговата поранешна партија, ДПИ, одбија да учествуваат во нив. Во 2020 година, по консултации со Венецијанската комисија, социјалистите го повлекоа обидот да го соборат од власт.

Вториот обид дојде по општите избори во април 2021 година, кога социјалистите го обвинија Мета за мешање во изборите. Сепак, Уставниот суд подоцна пресуди дека тој не го прекршил Уставот како што се тврдеше. (Балкан инсајт)

Албанија Еди Рама избор на претседател Илир Мета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.