Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истекува рокот за користење на платежните картички за „Купувај домашно“

0
By Нова ТВ on August 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 15, 2020 10:54

Денеска е последен за користење на домашните платежни картички за „Купувај домашно“. Од 16 август, како што информираат од банките, средствата не може да се користат и неискористеното се должни да го вратат во државниот буџет. Платежните картички се распределија на преку 324.000 корисници во четири категории – социјално загрозени, вработени со низок доход, младите лица и здравствените работници ангажирани за справување со пандемијата. Вкупната вредност на мерката за Владата изнесуваше околу 28 милиони евра.

„Останаа неподигнати неколку проценти, не се знае од кои причини. Инаку, според законот, во периодот по 15 август неискористените средства банките се должни да ги вратат во државниот буџет“, вели Стевчо Димески од Прилеп, регионален директор на А.Д. Стопанска банка Скопје, преку која одеа една третина од платежните картички.

За платежните картички имаше и преку 30.000 жалби од оние кои сметаа дека неправедно биле изземени од користење на владината мерка од кои околу 10 отсто беа прифатени. Во анкетата, граѓаните одговорија дека знаат оти денеска истекува рокот за користење на средствата.

„Добив 9.000 денари и сите отидоа, за што друго, освен за храна. Малку залебивме. За тоа најмногу се троши“, вели прилепчанец кој е стечаен работник.

„Ги потрошивме парите за храна, а го искористивме и ваучерот за летување. Добар потег и немаше проблем“, вели млад прилепчанец.

И од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) потврдуваат дека граѓаните парите воглавно ги трошеле за прехранбени и за основни продукти во маркетите.

„За да нема неправилности, уште во почетокот почнавме со опомени и едукација за стопанските субјекти за тоа што се домашни производи. Главно беше во ред. Инаку, граѓаните, освен во трговијата можеа да трошат и во угостителството и занаетчиството. Можеше да се оди и на фризер и на козметичар, на пример“, вели директорот на ДПИ, Стојко Пауновски.

Какви ефекти имаше од овој трет сет владини економски мерки? – Според универзитетскиот професор од прилепскиот Економски факултет Димитар Николоски кој го анализира пазарот на трудот, домашните платежни картички се краткорочни економски мерки и имаат позитивни сигнали во јавната потрошувачка и во поттикнување на домашното производство.

„Од домашните платежни картички има повеќе бенефити во поглед на поттикнување на агрегатната побарувачка. Имено, се зголемува личната потрошувачка на населението што влијае врз подобрување на животниот стандард на луѓето. Со оглед на тоа што картичките се наменети за купување производи од домашни производители, исто така, се поттикнува и производниот циклус на компаниите“, вели Николоски.

Николоски споменува дека сега, кога се најавува и економски и здравствено тешка есен, неопходни се економски мерки на среден и подолг рок. Тоа е голема обврска на новата влада. Инаку, како што вели Николоски, според податоците на Агенцијата за вработување се проценува дека од почетокот на кризата без работа останале повеќе од 20.000 работници. Сепак, за поточна оценка се чекаат податоците од Анкетата за работна сила за вториот квартал во 2020 година.

„Претходната влада реализира неколку пакети мерки за брзо интервенирање со цел ублажување на последиците од кризата. Освен тоа, неопходно е правилно секвенционирање на политики со подолгорочни ефекти. Во овој контекст, пред идната влада се поставуваат големи предизвици за натамошни чекори за излез од економската криза. Прво, мора да има мапирање на најранливите категории на население кои се долгорочно под опасност од невработеност и ниски приходи. За оваа категорија е неопходно креирање соодветна социјална програма за обезбедување загарантиран минимален приход комбинирана со соодветни активациски политики. Потоа, треба да има помош за креирање работни места во стратешките сектори што би требало да биде симултано поттикнато од фискалната и монетарната политика. Со оглед на неизвесноста за иден нов бран на епидемија, домаќинствата и компаниите се претпазливи. Затоа, потребни се мерки за враќање на довербата кај потрошувачите и кај бизнис секторот преку креирање бизнис-амбиент кој би ја инкорпорирал новата реалност. Владата треба да игра клучна улога преку поттикнување на побарувачката во градежниот сектор, реализацијата на инфраструктурни проекти и на други јавни работи. Посебен акцент треба да биде ставен врз активните политики на пазарот на трудот и асистирање во потрага по работа за да се обезбеди брза релокација и повторно вработување на работниците што ја загубиле работата. Со тоа би се овозможило брзо регрутирање на работници во секторите кои се во експанзија како резултат на пандемијата, на пример во здравството, прехранбена индустрија“, објаснува универзитетскиот професор Димитар Николоски од приелпскиот економски факултет.

Ако според граѓаните малку „залебиле“ со платежните картички за „Купувај домашно“, а според експертите треба да се „засукаат ракавите“ за подолгорочни економски мерки, тогаш голем е предизвикот пред новата влада да ги санира големите економски дубиози од пандемијата.

„Купувај домашно“ Влада Ковид-19 мерка Пандемија платежни картички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.