Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска нова лидерска, Заев го објави можното референдумско прашање

0
By Нова ТВ on July 19, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев по синоќешната лидерска средба соопшти дека референдумското прашање би можело да биде: „Дали сте за членство во ЕУ и во НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“, како и тоа дека претстојниот референдум потребно е да биде консултативен.

Заев на Твитер

– Разговарав со лидерите на политичките партии и ги информирав за можната формулација на референдумското прашање кое би се движело во следата насока –  Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу РМ и Република Грција, изјави Заев.

Разговарано било и за членот 27 од Законот за референдум, според кој во услови кога Собранието треба допрва да донесе некоја исклучителна важна одлука за иднината, потребно е референдумот да биде консултативен.

Одлуката, додаде Заев, се смета за конечна, доколку на референдумот излезат најмалку 50 проценти од  вкупниот број на запишани избирачи во Избирачкиот список.

– Без разлика на карактер на референдумот одлуката се смета за успешна во ваков случај. И се отвори дебата дали да биде консултативен  или обврзувачки. Консултативен е кога ние сакаме да ги консултираме нашите сограѓани и потоа да ги носиме одлуките, како што е случајот со одлуките за промена на Уставот. Ако ние одлучиме  да ги носиме одлуките за промена на Уставот сега во Парламентот  и ги донесеме тие одлуки и потоа одиме тоа да го провериме на референдум, тогаш тој е дополнителен, рече Заев.

Однесувањето на на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ја напушти средбата само еден час по почетокот, Заев го нарече „несериозно, неодговорно и навредливо кон претставниците на сите политички партии на разговорите и кон граѓаните“.

Мицкоски, пак, по излегувањето од состанокот кажа дека за нив не бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни и, како што кажа, изразил сериозен револт поради вчерашниот предлог за измени на Изборниот законик по скратена постапка за составот на ДИК.

Тој побара премиерот и лидер на СДСМ Заев најдоцна до понеделник, да организира лидерска средба во форма како што претходно се одржувала, со присуство на лидерите на четирите најголеми партии на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и најголемата опозициска партија на Албанците на која ќе се разговара за, како што кажа, сите отворени прашања што му претходат на новиот состав на ДИК, па дури потоа да се разговара за формирањето на ДИК.

ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, останува на истите ставови – усвојување на Законот за финансирање на политички партии и измените на Законот за Влада каде што ќе се регулира концептот на техничката влада по пржинскиот модел па дури потоа формирање на ДИК.

– Ние едноставно бараме да добиеме фер избори, рече Мицкоски.

Заев го прифати барањето на Мицкоски за нова лидерска, но само за лидерите на четирите најголеми партии, што ќе се одржи денеска напладне.

Вчерашната лидерска средба Заев ја свика откако ВМРО-ДПМНЕ го блокираше формирањето на Државната изборна комисија. Ова беше првпат на лидерска средба да бидат повикани лидерите на политички партии кои имаат повеќе од еден пратеник во Собранието.

На лидерската средба присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со Радмила Шекеринска, Али Ахмети и Бујар Османи од ДУИ, Зијадин Села и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Мендух Тачи и Имер Алиу од ДПА, Африм Гаши од едното и Билал Касами и Фадил Зендели од другото крило на Беса, Горан Милевски и Дуфе Кукоски од  ЛДП, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Љупчо Димовски и Владанка Авировиќ од Социјалистичка партија, како и Тито Петковски и Горан Мисовски од НСДП. Лидерската средба ја напушти само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, кој беше придружуван од Тања Каракамишева.

Заев лидерска Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.