Денес во 12 часот треба да продолжи рочиштето против членот на партијата Левица, Мариглен Демири за неговото учество во протестите на „Шарената револуција“ .

Обвинителството денеска треба да ги презентира доказите и сведоците во прилог на обвинението.

Според партијата, процесот против Демири е политички мотивиран и е со цел да се изврши притисок од страна на власта врз нејзините членови.