Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска рочиште за Грујевски, МВР има сознанија каде е

2
By Нова ТВ on September 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска е закажано рочиште за случајот на СЈО „Тврдина 2“ за фалсификување документи за уништувањето на опрема за прислушување во УБК, во кое главен осомничен е екс началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, кој веќе два месеци е во бегство.

Заедно со Грујевски се осомничени уште шест лица кои исто така кажаа дека не се чуствуваат виновни.

На ова рочиште одлучувачко ќе биде известувањето од МВР дали обвинетиот е лоциран и дали во иднина може да биде обезбеден за ова судење. Ако не се појави на судењето, тоа може да се одложи, или на барање на Специјалното јавно обвинителство, судијката да донесе решение за судење во отсуство.

МВР има сознанија за локациите каде би можел да се крие екс началникот, соопшто министерот за внатрешни работи, но рече дека тоа не се податоци кои можат да ги споделат со јавноста.

-Во однос на информациите за тоа каде би можел да се наоѓа ние имаме сознанија, секојдневно добиваме нови податоци, проверуваме, меѓутоа тоа не се податоци кои можеме да ги споделиме со јавноста, изјави Оливер Спасовски.

Обвинителката Ленче Ристоска од СЈО, која е застапник на обвинението, во петокот на дебата за употребата на посебни истражни мерки за трети лица пред домашни и странски експерти, рече дека за обвинителството од исклучителна важност е главните обвинети за масовното нелегално прислушување од случаите „Тврдина 2“ и „Таргет“, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, да бидат најдени.

Избегаа пред одлуката на Врховен 

Грујевски и Никола Бошковски, обајцата бивши началници во Петтата управа, од 18 јули не се достапни.

Одлуката за притвор Апелациониот суд во Скопје ја донесе на 18 јули, но тие останаа на слобода чекајќи го изјаснувањето на врховните судии. Оттаму информацијата дека треба да одат во притвор беше позната во јавноста на 26 јули околу 14 часот, а Врховен официјално преку соопштение ја потврди еден час подоцна. Процедурата потребна за решенијата, односно налозите за апсење да пристигнат од судот до МВР траеше околу седум часа, што според познавачите, е повеќе од доволно за засегнатите да се пуштат во бегство.

Биле барани на шест-седум локации за кои МВР се сомневала дека таму може да ги пронајде, но не биле најдени. Исто така, не можеле да ги лоцираат ниту преку мобилните телефони бидејќи наводно ги „заборавиле“ дома.

На четвртиот ден од бегството МВР објави потерници.

Двоен идентитет

Во меѓувреме, беше откриено и дека Грујевски имал двоен идентитет и друг пасош на име Владимир Варелов, негов сограѓанин од Велес кој е вработен во ЕБР.

Спасовски не прецизира кој му го издал вториот пасош на Грујевски и дали е повлечен од употреба.

Прашан за другите евентуални идентитети на Грујевски, освен оној на Владимир Варелов, министерот Спасовски потврди дека вработените во УБК поседуваат различни идентитети, но само кога извршуваат специфични службени обврски. Според него, додека се трага по Грујевски и Бошковски, паралелно се води истрага и за оние лице коишто го помогнале нивното бегство.

Двајцата се обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство кои се однесуваат на злоупотребата на системите за прислушкување на УБК и на уништувањето на опремата. Бошковски е вработен во Управата, а Грујевски беше началник на петтата управа во УБК.

 

бегство Горан Грујевски потерница роќиште Тврдина 2
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.