Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска Самит ЕУ – Западен Балкан, Македонија ја претставува Оливер Спасовски

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 СВЕТ
Фото: consilium.europa.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самитот ЕУ – Западен Балкан е топ тема во денешниот ден. Настанот првично беше планиран да се одржи во Загреб, но поради пандемијата од коронавирусот, сепак, ќе оди преку видео-конференциска врска. Меѓу учесниците и македонска делегација предводена од премиерот Оливер Спасовски. Фокус сфери, според дневниот ред, се соработката во борбата за спречување на ковид-19 и последиците од вирусот, европската перспектива на земјите од регионот на Западен Балкан, но и нивната посветеност на реформите и европските вредности.

Кои се фокус точки на Самитот?

На Самитот ќе биде нагласено значењето на уникатните односи на Европската Унија (ЕУ) како најважен партнер во регионот, како на пример обединетоста во борбата против ковид-19. Во тој контекст ќе биде истакната меѓусебната солидарност и соработка во ова време на корона-кризата, а ќе биде потенцирани и 3,3 милијарди евра колку што се акумулираа за Западен Балкан за амортизирање на ударот од вирусот и последиците од него.

Лидерите, исто така, ќе ја потврдат европската перспектива на Западен Балкан и посветеноста на партнерите од Западен Балкан да ги поддржуваат европските вредности и принципи. Во таа насока ќе бидат разменети мислења за новата фаза на тесна соработка за решавање на значајните социо-економски влијанија на коронавирусот, важноста на регионалната соработка, како и за начините за најдобро управување со безбедносните предизвици.

Кој ќе учестува на Самитот?

На самитот ЕУ-Западен Балкан ќе учествуваат шефови на држави или влади од државите членки на Европската Унија плус претставници на шесте земји партнери од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Република Северна Македонија и Косово.

Со состанокот ќе претседава Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет. Во улога на претставници на Европската Унија ќе бидат и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. На Самитот ќе учествуваат и претставници на Европската банка за обнова и развој, претставници на Светската банка, претставници на Европската инвестициска банка и претставници на Регионалниот совет.

По Самитот е најавена заедничка прес-конференција на Шарл Мишел, на Урсула фон дер Лајен и на Андреј Пленковиќ.

ЕУ Западен Балкан Оливер Спасовски Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.