Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денеска седница за законот за јазици, Џафери ќе одлучи за амандманите

1
By Нова ТВ on March 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 13 часот  ја закажа седницата за Законот за јазици.

Тој на вчерашната координација сепак не соопштил како ќе ја води седницата и дали ќе ги стави амандманите на гласање.

Дел од присутните на состанокот, за НОВА брифираат дека се очекува Џафери да ги отфрли сите амандмани, со образложение дека со нив се бара да се оцени уставноста на  Законот, што не е во надлежност на пратениците. Оние кои сметаат дека Законот е неуставен ќе бидат упатени да поднесат претставка до Уставниот суд.

Од парламентарното мнозинство очекуваат и ВМРО ДПМНЕ да гласа за Законот.

Артан Груби од ДУИ за НОВА изјави дека ВМРО ДПМНЕ има шанса утре да го покаже своето ново лице, гласајќи за Закон за кои и тие се коавтори исто како ДУИ и СДСМ.

Седницата за Законот за јазици  требаше да се одржи минатиот вторник, но тој обид пропадна поради тоа што ДУИ и СДСМ не постигнаа договор дали да се отвори расправа за амандманите поднесени од ВМРО ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев вчера рече неделава се очекува да биде донесен законот за употреба на јазиците, а по девет месеци расправата треба да биде завршена.

„ Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа сè што имаа да кажат. Нека се донесе законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други, изјави Заев.

Од ВМРО ДПМНЕ најавија дека ќе присуствуваат на седницата и дека нема да ги повлечат амандманите. Опозицијата има поднесено  35.569 амандмани.

Лидерот Христијан Мицкоски вчера од Конче оцени дека законот за јазиците има за цел да атакува врз соживотот, и како пример наведува дека тој на собраниска седница се става, како што вели, токму на денот кога почна воениот конфликт во Тетово.

Мицкоски во неколкуте вчерашни изјави само потврди дека ќе присуствуваат на седницата, но рече дека дополнително ќе донесат одлука.

Закон за јазици седница Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.