Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денот „Д“ за Рахој – ќе му пресуди корупцискиот скандал во партијата

1
By Нова ТВ on June 1, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, најверојатно, ќе биде мора да ја напушти функцијата, откако клучната партија, Баскиската националистичка партија, соопшти дека ќе го поддржи барање за гласање недоверба.

Гласањето треба да се одржи денеска, а е поднесено од опозициската Социјалистичка партија.

На лидерот на социјалистите, Педро Санчез, му се потребни 176 гласови за да добие поддршка.

Баскиската националистичка партија (ПНВ) соопшти дека ќе го поддржи предлогот, кој потоа може да го донесе Санчез на премиерската функција.

Партијата има клучни пет места во парламентот, а својата одлука ја објави вчера.

Санчез уште вчера го повика Рахој да се поднесе оставка  пред гласањето. Но, висок функционер од Народната партија на Рахој изјави дека тоа нема да се случи.

Санчез го поднесе предлогот за недоверба на Рахој откако неговата партија беше вмешана во огромен корупциски скандал минатата недела.

Според Санчез 63-годишниот Рахој не презел одговорност за вмешаноста на неговата партија во скандалот, која беше обелоденет откако еден од нејзините поранешни благајници беше осуден на 33-годишна затворска казна.

Високиот суд во Мадрид го осуди Луис Барсенас за примање мито, перење пари и даночни дела.

Случајот се однесува на финансирањето на кампањите на партијата од 1999 до 2005 година.

Кој е Педро Санчез? 

Педро Санчез беше релативно непознат кога во 2014 година ја освои лидрската позиција во Социјалистичка партија. Тој е познат како поранешен кошаркар, но неговата харизма се смета за клучна за обединување на поделена партија и за враќање на социјалистите на власт.

Но, набрзо тој се соочи со два изборни порази, во 2015 и 2016 година. Тој беше принуден да поднесе оставка откако одби да го поддржи Маријано Рахој, што ја воведе земјата во политички ќор-сокак и доведе до внатрешни судири во неговата партија.

Неколку месеци подоцна, на изненадување на критичарите, тој се врати како победник на внатрепартиските избори.

Според Уставот на Шпанија, партијата која поднесува иницијатива за гласање недоверба мора да биде подготвена да ја преземе премиерската функција, доколку мнозинството го поддржи тоа.

Поради тоа, овој умерен и амбициозен 46-годишен политичар од Мадрид може да биде назначен за нов премиер на Шпанија, и покрај фактот што неговата партија контролира помалку од една четвртина од местата во Конгресот.

недоверба Рахој Санчез Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.