Европската комисија (ЕК) ќе побара итна забрана на летови од регионот на Јужна Африка откако беше откриен нов сој на коронавирусот, објави на Твитер  претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

Таа напиша дека предлогот ќе го поднесе во координација со земјите-членки на ЕУ.

Новиот сој на вирусот – Б.1.1.529 во Јужноафриканската Република досега е откриен кај 77 лица, а првите случаи се регистрирани и во други земји, како Боцвана и Хонг Конг.

И Израел соопшти дека го регистрирале вирусот кај граѓанин кој се вратил од Малави.

По откривањето на новиот сој на коронавирусот во Африка и Светската здравствена организација (СЗО) е на нозе и денеска ќе одржи итен состанок, бидејќи може да се јават зголемен број на мутации на вирусот, јави британски „Фајненшл тајмс“.