Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дерби на „Етихад“: Челзи со пресврт до три бода против Сити

0
By Нова ТВ on December 3, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Манчестер сити водеше на полувреме, Челзи се радуваше на крај. „Сините“ на Антонио Конте ги совладаа „граѓаните“ на Пеп Гвардиола со 3:1 во дербито на 14. коло во англиската Премиерлига и ќе останат лидери на табелата со 34 бода, четири повеќе од Ливерпул чии фудбалери утре му гостуваат на Борнмут.

Кејхил постигна автогол во финишот на првото полувреме на „Етихад“ за водство на Сити. Гостите возвратија по кам-бек од соблекувалната и во период од пола час го решија натпреварот. Диего Коста израмни во 60 минута, десет минути по него во листата на стрелци се впиша и Вилијан за пресврт што го потврди Азар по контранападот во 90 минута.

Манчестер сити го заврши мечот со двајца играчи помалку на теренот. Црвени картони во судиското продолжение добија Серхио Агуеро и Фернандињо по еден опасен старт на Аргентинецот врз Луис Фелипе.

Од 16 часот почнуваат уште пет средви од ова коло во Премиерлигата. Кристал Палас го дочекува Саутемптон, Стоук е домаќин на Барнли, шампионот Лестер ќе гостува кај Сандерленд, Тотенхем пред своите навивачи ќе игра против Свонси, а ВБА во Бирмингам ќе бара три бода во дуелот со Вотфорд. Последниот меч за денеска е меѓу Вест Хем и Арсенал од 18.30 часот.

Англија Вилијан Диего Коста Манчестер Сити Премиерлига фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.