Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетина домаќинства завеани и без струја во Зелениково

0
By Нова ТВ on January 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Десетици домаќинства во општината Зелениково останаа без струја, завеани во снегот. Граѓаните се жалат дека во споредните улички снегот не е исчистен и дека е целосно непроодно и завеано, а од рано утринава немаат ни струја.

Граѓаните утрово се јавиле во ЕВН, од таму им рекле дека проблемот е во далноводот кој откажал и дека работат на санирање на дефектот.

„Јас кога станав, околу 6 часот, струја немаше. Најверојатно снемало во текот на вечерта. Не сум излегла надвор да видам каква е ситуацијата, затоа што е непроодно, а јас сум сама“, ни рече М.Н, жителка на селото.

Таа вели дека ниту една година, снегот од споредните улички не бил исчистен, па ниту оваа година не се надеваат дека нешто ќе биде поинаку.

„Секоја година е вака. Снегот од уличките споредни никогаш не е исчистен. Општината не си ја врши својата работа“, додаде таа.

Од ЕВН за НОВА велат дека од влажниот снег дошло до кинење на каблите, но дека веќе дел од домаќинствата имаат струја.

„Генерално дистрибутивниот систем за снабдување со електрична енергија е стабилен на високо ниво, на среден напон и на низок напон има проблем. На низок напон проблеми има во Скопје, Гевгелија, Битола, Велес и Струмица и Кичево. Во скопскиот регион, дел од Петровец, Зелениково, населбата Јане Сандански, депонијата Дрисла и Драчево имаат прекини во снабдувањето, а причини се скинати проводници од влажниот снег и интензивните врнежи изминативе денови. Екипите на ЕВН се ангажирани на сите овие места, како се откриваат дефектите , се санираат и се пуштаат под напон. Проблем имаме и со пристапноста до одредени локации, затоа можеби ќе биде потребно подолго време додека некој дефект биде саниран“, велат од ЕВН.

Од ЕВН апелираат, граѓаните ако наидат на скинат проводник бидејќи не се знае дали е под напон, да не го допираат, додека екипите не дојдат да го санираат проблемот.

ЕВН општина снег струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.