Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Случајот „Рекет“ само ја забрза интеграцијата на СЈО во ЈО

0
By Нова ТВ on July 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Личната одговорност не треба да се врзува со одговорноста на целата институција. Случајот „Рекет“ само го збрза реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство, нагласи министерката за правда, Рената Дескоска во интервју за ТВ Телма.

Во него, таа истакна дека идејата за интеграција на двете институции била ставена на маса од Министерството во преговорите со опозицијата за новиот закон за ЈО што очекува да биде прифатен од ВМРО-ДПМНЕ затоа што одделението за организиран криминал покажало дека може да се справи со случите на висока корупција.

„Навистина се непријатни случувањата на кои сведочевме во минатата недела. Да не речам дека се шокантни, генерално за сите кои очекувавме, верувавме и баравме ефикасни механизми за борба против корупцијата. Но, мислам дека личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Овие настани што се случија даваат верба од една страна дека институцијата, што претходно, пак, не функционираше, а тоа е одделението за организиран криминал, сега одеднаш имате капацитетност, волја и спремност на тие луѓе внатре да излезат и да покренат кривични постапки, вели во интервју за ТВ Телма, министерката Дескоска.

Според неа, тоа дава надеж дека дури и постојните институции можат да одговараaт на предизвиците ако извршната власт не се меша и не врши притисок.

„Мислам дека тоа е охрабрувачки сигнал. Така што и тоа е еден од мотивите што сакаме реално да го зајакнеме ова обвинителство за организиран криминал со можности и финансиски и кадровски, бидејќи гледаме дека има потенцијал кој што навистина дава резултати“, заклучи министерката за правда, Дескоска.

Во однос на предметите, Дескоска појаснува дека сите случаи кои се водат во едното и во другото обвинителство сега ќе бидат случаи што ќе ги води новото ЈО.

интеграција ЈО Рената Дескоска СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.