Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Законот за ЈО не предвидува апсолутен трансфер на обвинителите од СЈО

0
By Нова ТВ on January 22, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 22, 2020 12:04

Шансите за донесување на законот за јавно обвинителство зависи од вистинската волја на ВМРО-ДПМНЕ, доколку државните интереси за евроинтеграција ги стави пред интересите на одредени нејзини партски членови за кои се водат постапки во редовното обвинителство, а беа почнати од Специјалното јавно обвинителство, изјави министерката за правда Рената Дескоска пред промоција на иницијативата „Отворено судство“ како дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија”. Притоа не ја исклучи можноста законот да биде донесен и без гласовите на опозицијата.

„За законот очекувам поддршка од сите пратеници и добро би било сите кои се декларираат за евроинтегравција на нашата држава да го поддржат законот, така што оти и таа опција не е исклучена“, рече Дескоска.

Ние влегуваме, рече министерката, со искрена и добра волја да се донесе тој закон и целиот период истакнувавме и држиме до ставот дека законот што ќе се донесе треба да ги имплементира меѓународните стандарди и да не овозможи амнестија на било какво кривично дело кое што се гони во моментот или е во фаза на истрага или пред истрга.

„Она што го слушам како најава од ВМРО-ДПМНЕ за одредени забелешки, ако се остане навистина на тоа што е, може да дојдеме до договор. Но, јас не можам да прејудицирам сè додека не ги видиме написмено нивните ставови и забелешки, бидејќи често пати она што декларативно го кажуваат и она што ќе го напишат како конкретен амандман се разликува и честопати во тие амандмани се кријат одредени задни намери особено за случаите на СЈО“, нагласи Дескоска.

Според неа, евентуално нивните намери во тој дел би се движеле околу предметите на Јавното обвинителство и основите за разрешување на обвинителите.

„Она што мислам е или лошо читање или намерен спин во однос на законот, а тоа како што читам во медиумите дека наводно се вдомувале обвинители од СЈО во Обвинителството за организиран криминал е апсолутно неточно. Секој којшто ќе го прочита законот ќе види дека практично се предвидува проширување на бројот на обвинители во Обвинителството  за организиран криминал што ќе се распише конкурс и секој обвинител кој исполнува услови ќе може да конкурира. Тоа не значи апсолутен трансфер на обвинителите од СЈО“, вели Дескоска.

Целта на овој предлог, како што нагласи министерката за правда, беше и останува да се создаде капацитетно обвинителство за организиран криминал што ќе ги има сите предуслови вклучувајќи ги човечките капацитети да ги преземе зголемените надлежности кои ги има според овој закон. На прашање за нова средба на работните групи, Дескоска одговори дека согласно вчерашниот договор денеска ги очекуваат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и штом ги добијат веднаш ќе закажат средба со работните групи.

„Законот предвидува критериуми кој може да биде обвинител и кој ги бира обвинителите, а тоа е Советот на јавни обвинители. Така што во тој дел ниту законот каков што го имаме предложено прејудицира, ниту може да дозволиме било кој политичар со амандмани да се меша во изборот на обвинители“, рече Дескоска и додаде дека договорот за законот треба да се донесе што е можно побрзо за да се донесе до распуштање на Собранието на 11 февруари.

ВМРО ДПМНЕ гласање Закон за ЈО Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.