Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали од масакрот: Пукал со 23 пушки и со камери ја следел полицијата

0
By Нова ТВ on October 4, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 4, 2017 09:57

Полицијата во Лас Вегас објави детали за масакрот во неделата навечер во хотелот Менделеј Беј, кога беа убиени 58, а ранети над 500 луѓе, кои присуствуваа на фестивал на кантри музика пред хотелот.

Напаѓачот, пензионеро Стивен Падок (64) пукал врз луѓето од 9 до 11 минути пред да се самоубие, и поставил камери внатре во хотелската соба за да може да го следи движењето на полицијата.

Истражителите на три локалции поврзани со Падок пронашла 47 парчиња оружје, и тоа во хотелската соба од каде што пукал, во неговата куќа и на уште една локација.

Во самата соба имало 12 пушки кои се модифицирани како автоматско оружје.

Всушност најдени се уреди за забрзување на пукањето, односно два уреди (bump-stock) поставени на полуавтоматско оружје, со што тоа делува како автоматско.

Како што изјави за новинарите специјалниот агент Џил Снајдер, оружјето било купено во 4 сојузни американски држави – Невада, Јута, Калифорнија и Тексас.

Републиканците не попуштаат-и натаму бараат либерални закони за оружје

Во неговиот автомобил пронајден е амониум нитрат, што може да се користи за експлозив.

Полицијата потврди дека фотографиите објавени на интернет на кои се гледа телото на напаѓачот на подот покрај две пушки и со ракавици на рацете се автентични.

Претходно полицијата објави дека во нападот се убиени 59 лица без напаѓачот, но подоцна прецизираше дека се работи за 58 лица.

Полицијата објави и дека напаѓачот пукал меѓу 9 и 11 минути пред полицијата да го добие првиот повик, додека сведоци велат дека пукањето било од 10 до 15 минути.

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот, меѓутоа нема докази за поврзаност на Падок со исламистите.

Полицијата смета дека делувал сам, но засега не ги знае мотивите.

Пет теории зошто пензионерот – коцкар уби 59 луѓе во Лас Вегас

 

Лас Вегас оружје убиец хотел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.