Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Децата плаќаат „данок на имунитетот“, и во Институтот Козле зголемен број на инфекции

0
By НОВА ТВ Balaban on July 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 9, 2021 15:00

По зголемениот број на хоспитализирани деца во гевгелиската болница каде и педијатри од Скопје од денес изутрина утврдуваат која е причината за појава на респираторни симптоми кај 50 деца, кои се негативни на ковид-19, лекарите од Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле за НоваТВ изјавуваат дека и таму имаат невообичаено висок број на прегледи и приеми на најмалите пациенти за овој период од годината.  Во мај во оваа болница имало 533 амбулантски преглед и 128 хоспитализирани деца, а во месец јуни дури 1472 амбулантски прегледи и 193 хоспитализации.

Лекарскиот колегиум од Инстутутот во Козле оценува дека со враќање на животот во нормала, општеството го плаќа данокот во форма на потешки вирусни и бактериски инфекции од вообичаено, нешто со што можеби и ќе се соочиме во следните две години.

– Во последните два месеци, со падот на бројот на заболени пациенти од ковид-19, нашата институција, како и болниците ширум светот, се соочуваат со посилен бран на инфекции предизвикани од  други респираторни патогени. Овој феномен научната јавност го нарекува “данок на имунитетот” и истиот донекаде ѝ беше очекуван и се должи на малата експозиција на други респираторни патогени за време на пандемијата и неможноста да се создаде имунитет за вируси и бактерии  којшто се јавува при одржување на нормални социјални контакти. Најголемиот процент од  хоспитализираните деца во мај и јуни се доенчиња во првите неколку месеци од животот. Се соочуваме со инфекции кои не се вообичаени за овој период на годината – велат лекарите од Институтот во Козле.

Антителата за вирусот мајките најверојатно не ги пренеле во бременоста 

Тие појаснуваат дека „респираторниот синцициелен вирус  кој најчесто прави компликации и долнореспираторни инфекции кај доенчиња и мали деца, најверојатно се должи и на неекспонирањето на мајките во тек на бременоста, а тие се оние кои би требало да ги пренесат антителата за вирусот, но само во случај кога би имале скора експозиција на истиот.

– Исто така, детектираме и аденовирусни инфекции, ентеровируси, како и Рота вирусни инфекции. Од бактериските инфекции доминираат стрептоконите инфекции кои предизвикуваат и горно и долно респираторни проблеми, како и инфекции со грам негативни бактерии – Клебсиела, Псеудомонас, Ешерихиа коли, Мораксела катаралис – вели Лекарскиот колегиум од оваа институција во својот став.

Лекарите од Козле додаваат и дека секое дете пред хоспитализација во Институтот, заедно со придружникот, се тестира за ковид-19. – Досега имавме едно доенче и мајка позитивни на вирусот, со лесна клиничка слика. Поради големиот прилив на пациенти, се соочуваме со недостиг  на болнички места  и таму каде што дозволува состојбата, децата ги следиме амбулантски.  И покрај тоа , сите деца кои во овие месеци побараа амбулантски и болнички третман, беа навремено и успешно излекувани, без компликации“ – порачуваат од Институтот.

Во Гевгелија се трага по вирус, мутација на вирус или вид на паразит 

И според изјавите и на директорката на Универзитетската клиника за детски болести и фебрилни состојби  од Скопје, д-р Аспазија Софијанова, и во други градови е зголемен број на деца со респираторни симптоми. Таа, заедно со уште две докторки од Клиниката, пристигнале утринава во Општата болница во Гевгелија за да направат дополнителни испитувања и да им дадат поддршка на колегите педијатри. Првичните резултати од анализите се очекуваат вечерва.

– Не само во овој регион, туку и во други градови има зголемен број на деца со горнореспираторна симптоматологија. Доаѓаме со комплетна опрема за да земеме цел респираторен панел и точно да утврдиме дали се работи за вирус, мутација на вирус или некој вид на паразит, но тоа ќе го знаеме откако ќе направиме увид во клиничката слика на дечињата, во дијагностиката што ја носиме со нас и дијагностиката што вчера ја направиле колегите од Гевгелија – изјави д-р Софијанова.

Љубица Балабан

“данок на имунитетот” амбулантски прегледи Гевгелија деца Институт Козле респираторни инфекции хоспитализации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.