Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Децата со посебни потреби добија хуман дом

0
By Менче Атанасова Точи on June 11, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осумгодишниот Павел кој е со тешка попреченост и е делумно подвижен од денеска ќе биде сместен во одделот за специјализирано живеење во заедница во Неготино.

Со него ќе бидат сместени уште две деца од 10 и 16 годишна возраст кои се со тешка попреченост во психомоторниот развој и не се подвижни.

 

Доаѓаат од Специјалниот завод во Демир Капија и отсега ќе живат во похумани услови во заедницата.

Ќе имаат 24 часовна нега од тим на социјални работници, едукатори и физиотерапевт.

Овој Центар започнува со работа од денеска, а таму денеска е и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Центарот е дел од проектот за деинституционализација на штитениците од Домот во Демир Капија каде има вкупно 216 лица, проект со кој е предвидено за две до три години сите тие да бидат ресоцијализирани и вклучени во општеството, а не во големи, безлични и сегрегирачки институции. Тој е поддржан од УНИЦЕФ, УНДП и од Европската Унија.

Во Демир Капија може да остане само еден медицински дел за најтешките случаи.

Попладне предвидено е Царовска да има средба со жителите на село Тимјаник, кои за денеска закажаа протест против ваквата одлука на Министерството.

Министерката Царовска по овие најави вели дека изненадена и искрено разочарана од реакциите.

-Овие деца, од кои за жал повеќето се неподвижни, се преместуваат како би имале похумани услови за живот и семејна атмосфера. Жално е што се уште постојат толку предрасуди, но токму против ваквите размислувања силно се бориме. Сакам да им порачам на сите кои се плашат или се загрижени дека нема никаква потреба за тоа. Децата во домот не се никаква опасност за нив или нивните деца, ќе бидат под 24 часовна грижа и нема да им го нарушуваат животот. Се надевам дека ќе преовлада разумот и дека на крајот ќе имаме успешен процес на преселба на децата од институциите во малите домови, напиша Царовска.

ДОМ Неготино Царовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.