Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Деветти ден продолжува расправата во Собранието

0
By Нова ТВ on April 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2017 08:48

Денеска во 11 часот треба да продолжи деветтото продолжение на собраниската конститутивна седница на која треба да се изберат членовите на Комисијата за избори и именувања и претседател на Собранието.

Како што вчера најавија од СДСМ нивните пратеници повеќе нема да се јавуваат за реплики, туку само ќе ја следат работата на претседавачот со седницата Трајко Вељаноски.

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски рече дека клучот за разрешување на ваквата состојба во Собранието е Трајко Вељаноски.

„Ако работеше деловнички, зборот на 90 отсто од пратениците ќе им беше одземен, точката ќе беше завршена, ќе изберевме претседател, па дури и нова влада на Македонија“, рече Кирацоски, додавајќи дека тие се откажуваат од ова деловничко право.

Тој го потсети Вељаноски на два члена од Деловникот, 89 и 90, според кои треба да ги прекине говорниците доколку тие не се држат до говорот на пратеникот кој земал збор.

Вељаноски рече дека немал право да го ускратува правото на говор на пратениците и наведе дека за реплика на говорот на пратеникот Крсто Мукоски се пријавиле 70 пратеници.

„А за станување од столчето ќе почекате малку, таа желба не ја исполнувам“, рече Вељаноски.

На ова одговори и пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека Вељаноски работи по Деловникот и кога СДСМ има право да бара процедурални забелешки, тогаш истото право го имаат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Милошоски рече дека ситуацијата во државата и во Собранието е сензитивна, па од таа причина ги предупреди своите колеги да не планира да прави проблеми.

„Сите знаете дека ситуацијата е сензитивна, чувствителна е  и тука во самото собрание и на улица и кај граѓаните. Нека не ве лаже паметот да правите некои чекори кои ќе ги зголемат тензиите. Не  предизвикувајте инциденти, бидејќи никој за тоа нема мандат. Бидете сигурни и стабилни за да ја водиме оваа расправа. Не помислувајте на инциденти, бидејќи на никој не му треба тоа“, се закани Милошоски од говорницата.

Најголем дел од пратениците од СДСМ и коалицијата ја напуштија седницата поради како што рекоа узурпирањето на Собранието од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

По собраниската седница, средба одржаа лидерите на СДСМ и ДУИ со цел да најдат начин да ја деблокираат работата на Собранието.

конститутивна седница пратеници седница Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.