Ураганот „Исаја“ ја погоди Северна Каролина со налети на ветер кои достигнаа брзина и до 140 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. „Исаја“ беше категоризирана како тропска бура, откако погоди острови на Карибите каде однесе два човечки живота, но вчера прерасна во ураган од прва категорија.

Ураганот „Исаја“ е деветта бура по ред во САД оваа година. Американскиот центар за урагани претходно издаде предупредување дека „Исаја“ ќе предизвика поројни дождови, што може да резултира со поплавување на реки долж американскиот источен брег.