Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери во „Монструм“: Бевме загрижени да не дојде до меѓуетнички тензии во Скопје

0
By Нова ТВ on March 10, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери на денешното судско рочиште предметот „Монструм“, во врска со петкратното убиство кај Смилковското Езеро, рече дека во тој период имало многу нејаснотии за тоа како се третираат и како се водат постапките.

„Ние како политичка партија и јас како функционер, бевме загрижени да не дојде до меѓуенички и меѓурелигиски тензии во Скопје“, рече сведокот Џафери.

Претходно, сведочеше и поранешниот министер за правда Блерим Беџети. Тој рече дека со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска имале различни убедувања за случајот „Монструм“ и дека како политички субјект барале да се повтори судењето за овој предмет.

„Сметам дека е потребно да се анализират сите разговори. Судството во овој и во некој други случаи се разниша. Оттука произлезе и нашето барање за одложување за предметот и негово повторување. Не беше само за изборите. Ние како политички субјект континуирано баравме да се повтори. Тоа јавно го имаме кажано, не за да се заштити некој, туку заради тоа што се разнишаа и меѓуетничките односи“, изјави Беџети во Кривичниот суд.
Тој кажа дека имал една средба со семејствата на обвинети, на која од него, бидејќи во тоа време бил министер за правда, било побарано да се води фер, праведна и транспарентна постапка. Во однос на процедурата за екстрадиција на осомничените Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово, сведокот Беџети, појасни дека како министер за правда, сите дејствија ги преземал според закон.

При презентација на „бомбите” од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, јавноста имаше можност да слушне како Беџети и Џафери, комуницирале со други лица во однос на овој предмет.

По паузата како сведок на денешното судење за „Монструм“ треба да се појави и Зоран Трајковски, вработен во МВР. На претходните рочиште за петкратното убиство на Смилковско Езеро, сведочеше речиси целиот врв на МВР од 2012 година.

Судењето за „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Муса Џафери рочиште сведочење случај Монструм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.