Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери: За злоупотреба на функцијата пратеник-соодветно ќе реагирам

0
By Нова ТВ on July 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 7, 2017 15:38

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска во изјава за медиумите рече дека членот 33 од Деловникот дозволува група од пет пратеника да формира пратеничка група.

„Од правен аспект е дискутабилен фактот, што една политичка партија не може да има повеќе пратенички групи и поради тоа се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да им го коментирам овој потег“, рече Џафери.

Претседателот на Собранието рече дека рано е да се каже дали потегот на ВМРО-ДПМНЕ е направен со цел да се блокира работата на Собранието.

„Не можам да ја коментирам нивната одлука за формирање на 10 пратенички групи и не сакам да прејудицирам која е нивната намера. Со нивното делување во Собранието ќе се покаже која им е намерата. Ако се однесуваат како што се однесуваа вчера, тоа значи дека ќе ја искористат можноста низ принципот барање по еден час пауза која координаторот има право да ја побара. Тоа значи дека во 24 часа ќе бараат 10 часа пауза. Тие ќе понесат политичка одговорност за нивното делување“, рече Џафери.

Тој кажа дека на барање на пратеничките групи ја одложил седницата в понеделник.

Џафери рече дека ако процени дека некој сака да ја злоупотреби функцијата пратеник, соодветно ќе реагира.

„Нивното постапување и на секој пратеник ќе резултира со соодветна постапка од моја страна, доколку оценам дека има некоја таква намера. Не сакам однапред да прејудицирам за нечија намера“, рече Џафери.

Според него, менувањето на Деловникот е последен чекор што треба да се преземе и доколку има потреба од такво нешто потребен е политички консензус.

На денешната седница требаше да се продолжи со расправата за разрешување на Републичкиот обвинител Марко Зврлевски, но ВМРО-ДПМНЕ формираше десет пратенички групи и се обиде да ја блокира работата на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ пратеници пратеничка група Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.