Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џинот од Босфорот на коленa – Турција во сериозна финансиска криза

2
By Нова ТВ on August 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 11, 2018 11:18

Трендот на унилатерализам и непочитување ќе ја принуди Турција да бара нови пријатели и сојузници, се закани турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во колумна објавена во „Њујорк Тајмс”, осврнувајќи се  на актуелната  дипломатска криза меѓу САД и Турција.

По потсетувањето на долгата историја на пријателски билатерални односи, Ердоган во статијата пишува „Ако САД не почнат да го почитуваат суверенитетот на Турција и не покажат дека ги разбираат опасностите со кои се соочува нашата земја, нашето партнерство би можело да биде загрозено”.

Турскиот претседател го спореди обидот за државен удар во Турција во 2016 година, со нападот на Перл Харбор, истакнувајќи дека САД не успеаја „недвосмислено да го осудат нападот и да изразат солидарност со избраното раководство на Турција” по поразениот пуч, додека лидерот на заговорниците за државен удар, Фетула Гулен, живее во Пенсилванија.

За одбивањето на барањето да биде ослободен американскиот свештеник, пасторот Бренсон, Ердоган пишува: „Наместо да го почитувaат судскиот процес, како што на многуте средби му порачав на Трамп, САД се заканија на пријателска нација и почнаа да наметнуваат санкции за неколку членови на мојот кабинет. Оваа одлука беше неприфатлива, ирационална и на крајот е штетна за нашето долгогодишно пријателство “, напиша Ердоган.

Ердоган натаму пишува дека Турција ќе ги преземе неопходните чекори за заштита на своите национални интереси, и дека Анкара „ќе се погрижи за сопствената економија ако САД одбијат да ги слушаат”.

„Во време кога злото продолжува да демне низ целиот свет, унилатералните активности против Турција од страна на САД, нашиот сојузник со децении, служат само за да ги поткопаат американските интереси и безбедност. Пред да биде предоцна, Вашингтон мора да се откаже од погрешната претстава дека нашата врска може да биде асиметрична и да се помири со фактот дека Турција има алтернативи “, пишува Ердоган. „Неуспехот да се смени овој тренд на унилатерализам и непочитување не принудува  да почнеме да бараме нови пријатели и сојузници”.

Турските официјални претставници изминатите денови одржаа повеќе состаноци  со официјалниот претставник на Стејт департментот, Џон Саливан, по одлуката од САД да воведе санкции против  двајца високи министри во турската влада, поради одбивањето да биде ослободен Бренсон.

И додека двете страни изјавија дека разговорите ќе продолжат, претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека воведува двојно повисоки тарифи за увозот на челикот и на алуминиумот од Турција, додека турската лира го доживеа најголемиот пад во еден ден. По ваквиот развој на настаните, турски официјални лица изјавиле дека претседателот Ердоган разговарал со рускиот претседател Путин и дека двајцата „изразиле задоволство од економските и финансиските односи меѓу двете земји и дека разговарале за соработката во одбраната и во енергетиката“. Последново се однесува на одлуката на Турција да го купи рускиот одбранбен систем S-400, пренесе агенцијата АП.

Вредноста на турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика  Турците да ги продаваат доларите и златото и да купуваат лири за да ја заштитат турската економија.

Пад на индексите на Вол Стрит поради финансиската криза во Турција

Њујоршката берза забележа пад на водечките индекси поради продлабочување на финансиската криза во Турција и повлекувањето на инвеститорите од ризични вложувања. Индексот Доу Џонс паднал за 0,77 проценти, а индексот S&P 500 за 0,71 проценти. За 2,4 проценти паднаа акциите на Ситигруп.

Финансиските експерти коментираат дека продлабочувањето на финансиската криза е резултат на одлуката на американскиот претседател Трамп двојно да ја зголеми царината за увоз на алуминиум и челик од Турција од 20 на 50 проценти.

„Одобрив двојно зголемување на царината на челикот и алуминиумот од Турција, додека нејзината валута, турската лира, паѓа во однос на нашиот многу силен долар. Нашите односи со Турција во овој момент не се добри“ напиша Трамп на Твитер.

Поради ова, вредноста на турската лира падна вчера за цели 18 проценти, што е најголем пад на вредноста на лирата од финансиската криза во Турција во 2001 година.

Притоа вредноста на лирата во однос на доларот падна на најниско ниво во историјата и еден долар се разменува за 6 лири. Од почетокот на годината, лирата изгуби околу 40 проценти од својата вредност поради нискиот раст на економијата и можната рецесија на што предупредува агенцијата Фич.

Опозицијата го обвини Ердоган – За се е виновен „режимот на еден човек“

Огромниот пад на вредноста на турската лира е резултат на погрешни политички одлуки донесени од владејачката Партија на правдата и развојот, изјави лидерот на главната опозициска Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу, наведувајќи дека економските проблеми со кои Турција моментално се соочува се „не само економски, туку и политички “.

„Ако турската лира сега е само парче хартија во споредба со странските валути, тогаш причина за тоа е режимот на еден човек”, напиша Киличдароглу на неговиот твитер.

„Кризата во Турција денес не е само економска. Потребно е да се даде вистинска дијагноза. Оваа криза е политичка криза. Затоа велам дека Турција не е управувана, таа се лизга. Рековме дека не треба да се откажуваме од правната држава и од демократијата. Рековме дека режимот со еден човек ќе ја однесе Турција во катастрофа бидејќи само во демократијата, со заеднички ангажман, може да преовлада мудроста ” вели Киличдароглу, говорејќи за власта на Ердоган како за „режим на еден човек “.

Ердоган пад на лира Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.