Американскиот претседател Џозеф Бајден помилува две мисирки со бели пердуви со имиња Пич и Блосом, а за да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста.
Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската што е симбол на државата Делавер, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.
Американскиот претседател уште рече дека настанот го означува официјалниот почеток на празничната сезона во Вашингтон.