Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: До 15 часот денеска гласале 7.170 лица

0
By Нова ТВ on July 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска, на вториот ден од предвремените парламентарни избори, до 15 часот гласале 7.170 лица, а не биле пронајдени или не сакале да гласаат 273 лица. Од 357 пријавени избирачи во домовите за стари лица, гласале 231. Во казнено-поправните установи, пак, до 15.30 часот од 1.657 запишани избирачи, гласале 808. Од лицата кои се пријавиле за гласање во домашен притвор, досега се изјасниле седум лица додека нема информација колкумина го искористиле своето право на глас од шесте лица кои се запишани како раселени. Ова попладнево го соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски на продолжението на 77 седница. Тој истакна дека вториот ден од изборите се одвива непречено и без проблеми.

„Иако условите се прилично комплицирани, во услови на пандемиска криза, сметам дека избирачките одбори досега добро си ја завршија работата и ги охрабрувам да ја дозавршат до крајот на денот. Ги охрабрувам и сите пријавени, да ги почекаат одборите доколку досега не дошле да ги посетат за да го искористат своето право на глас“, рече Дерковски.

Најави дека по 21 часот ќе соопштат како поминало гласањето на овие категории лица.

„И од овој ден се виде дека ДИК со целата администрација, која е поддршка на целиот процес, успеа да го организира гласањето како што треба, водејќи сметка, пред сè, за здравјето на граѓаните. Никаде не е пријавен настан што би значел загрозување на здравјето на гласачите. Сметам дека така ќе помине и утрешниот ден. Апелирам граѓаните да излезат утре и да гласаат и да бидат сигурни дека се исполнети сите услови за безбедно гласање, пред сè, за нивното здравје и за здравјето на сите што учествуваат во организација на овој процес. Да ги почитуваат препораките и процедурите, како од нас така и од здравствените власти се со цел заштита на овој процес,а и заштита на нивното здравје“, рече Дерковски.

За шпекулациите за броење на гласови, претседателот на ДИК кажа дека гласачките ливчиња од вчера и денеска ќе се бројат заедно со сите останатите гласачки ливчиња. Дерковски ги замоли сите учесници во политичката трка да ги остават граѓаните слободно да го остварат своето гласачко право.

„Вчерашниот, денешниот и утрешниот ден се денови на ДИК и денови на граѓаните за да го исполнат своето гласачко право. Уште еднаш апел – воздржете се сите, оставете ги граѓаните да си ја донесат вистинската одлука“, потенцира Дерковски.

И останатите членови на ДИК апелираа до сите учесници во изборите да го почитуваат молкот. Укажаа дека гласачите можат да гласаат само со важечка лична карта и важечка патна исправа, а избирачките одбори и комисиите да ги почитуваат упатствата од ДИК.

Борис Кондарко нагласи дека гласањето е слободно, тајно и безбедно. Информира дека се преземени сите мерки на здравствена заштита и досега немало никакви поплаки во однос на почитување на препораките. За денешните објави на социјалните мрежи, во име на ДИК, објасни дека гласачките ливчиња се изработени согласно закон, нивната заштита и содржина се според закон.

„Граѓаните треба да бидат спокојни дека со гласачките ливчиња по ниту еден основ не се можни никакви злоупотрби, манипулации или фалсификати“, рече Дерковски. Соопшти дека гласачките ливчиња имаат десетици заштити, дел видливи, а дел невидливи. На ниедно гласачко ливче нема сериски број, што е на кочанот, кој, пак, останува во избирачкиот одбор.

Дражавната изборна комисија попладнево во рамки на продолжението на 77. седница разгледа нови приговори за повреда на личното избирачко право, поднесени од неколку граѓани и сите ги одби. Членовите на ДИК дискутираа и за три акти доставени од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и констатираа да се вратат повторно во оваа институција.

гласање Дик Избори 2020 Оливер Дерковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.